motori IMG_7290Под покровителство на МФМ, во техничка организација на МК Александар и МК Мотори од Скопје, а со поддршка од Аеро клубот Скопје на 30 јуни и 1 јули на Стенковец крај Скопје се одржаа вториот и третиот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2012.

IMG 7290

Под покровителство на МФМ, во техничка организација на МК Александар и МК Мотори од Скопје, а со поддршка од Аеро клубот Скопје на 30 јуни и 1 јули на Стенковец крај Скопје се одржаа вториот и третиот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2012.

IMG 6923

Патеката со должина од 25 километри натпреварувачите ја минуваа по два пати, а во рамките на секој круг имаше два брзински испити кои содржеа елементи од мотокрос, ендуро и екстрим. Најголеми потешкотии на натпреварувачите им зададоа вештачките пречки од гуми и природната конфигурација на теренот, а најуспешните и најбрзите беа поздравени од публиката со громогласни аплаузи.

IMG 7207

Во Е1 класата видовме интересна борба за првото место помеѓу двајца млади натпреварувачи. Првиот ден поуспешен беше Филип Кондратенко (МК Гого), додека вториот ден победи Драган Ванов (МК Мото Велес). Со оглед на тоа што двајцата имаа по една победа и едно второ место, пехарот за прво место го заслужи подобриот од вториот ден, Ванов. Третото место го освои Ергул Сулејмани (МК Гост рајдерс). По три трки во генералниот пласман води Ванов со 75 пред Кондратенко со 72 бодови.

IMG 7237

Во класата Е2 во првиот ден голем пех имаше дотогаш водечкиот Валентин Тошев (МК Брзкруг) кој мораше да се откаже поради дупната гума. Тоа го искористи двократниот шампион Ивица Милошевиќ (МК Мотори) и победи пред Ведран Манев (МК Ендуранс тим) и Флорин Садику (МК Гост рајдерс). Вториот ден Тошев не дозволи изненадување и беше најбрз, а зад него завршија Милошевиќ и Бојан Лазов (МК Мото Велес). На крајот Милошевиќ беше вкупно прв пред Лазов и Садику. Во генералниот пласман води Милошевиќ со 67 пред Лазов со 54 бодови.

IMG 7257

Во класата Е3 повторно видовме одлично возење од Горан Тасиќ (МК Мото Велес) кој со сигурно возење победи двата дена. Амир Амети (МК Шари мотокрос) и Ѓоко Филиповски (МК Мото Велес) имаа вкупно ист број бодови, но Амети беше подобар вториот ден и го освои второто место, додека Филиповски мораше да се задоволи со третото место. Тасиќ убедливо води со максимални 75 бодови пред Борче Костов (МК Мотостарс) со 59 бодови.

IMG 7273

Во класата Т1 двократниот шампион Виктор Ефремов (МК Мото Велес) имаше достоен конкурент во Баже Шишковски (МК Александар), но сепак успеа со минимална предност да победи во двата дена. Посебно беше интересен вториот ден кога Ефремов беше побрз после 4 брзински испити за само 2,52 секунди. Третото место го освои Николчо Николов (МК Ендуранс тим). Ефремов има 75, а Шишковски има 59 бодови.

Превземи резултати:
- Резултати од трка 1 (30.06)
- Резултати од трка 2 (01.07) 

Извор: „МФМ“

Back To Top