Домашни настани

Извештај: Мотокрос „Смолево 2013“ - 23.06.2013

Под покровителство на МФМ, a во техничка организација на МК Мотостарс на23 јуни на патеката Смолево крај Битола се одржа третиот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2013.

Следете нè на:

 

MX1MX2MX3Стартот на трката во Смолево

Под покровителство на МФМ, a во техничка организација на МК Мотостарс на23 јуни на патеката Смолево крај Битола се одржа третиот натпревар од Шампионатот на Македонија во мотокрос за сезоната 2013.

Повеќеилјадната публика имаше можност по топло и сончево време да ужива во атрактивните возења и прекрасни скокови на најдобрите македонски натпреварувачи, како и на гостите од Црна Гора, Србија, Грција и Албанија.

Во најмалата класа МХ65 во двете возење видовме изедначена борба на Антониос Сагмалис од Грција, Миодраг Станојевиќ од Србија и нашиот Лука Ристевски. Сагмалис беше најуспешен во првото возење, а Ристевски победи во второто возење. Сепак во вкупниот пласман победник беше грчкиот натпреварувач, Ристевски мораше да се задоволи со второто место на подиумот, а трет беше Станојевиќ.

Во другата јуниорска класа МХ85 победи гостинот од Црна Гора, Виктор Ивановиќ. Пласманот во двете трки беше ист како оној на пиедесталот, Ивановиќ пред нашите млади надежи од МК Мотостарс, Андријан Ристевски и Христиан Станковиќ.

Во класата МХ2 во двете возења повторно видовме голема битка помеѓу клупските другари од МК ЛТД спортс од Битола, Никола Гулевски и Михаил Бајовски во која се замешаа и Младен Станојевиќ од Србија и Петрос Танусис од Грција. Во првата трка победи Гулевски, втор беше Танусис, а трет Бајовски кој имаше и пад во првиот дел од трката што го одалечи од водечките. Во втората трка Бајовски сигурно победи, пред Гулевски и Станојевиќ, додека Танусис имаше технички проблеми со мотоциклот. Во вкупниот пласман прв беше Гулевски пред Бајовски и Станојевиќ.

Во најсилната класа МХ1 очекувано уште една убедлива победа однесе најдобриот македонски претставник Гоце Томовски (МК Гого) кој во квалификациите го извозе и најбрзиот круг на денот 1:52,517. Публиката со аплаузи ја награди неговата победа и во заедничка конкуренција на класите МХ1, МХ2 и МХ3. Второто место го освои гостинот од Албанија, Петрит Ѓерѓи, а трет беше неговиот сонародник Серди Гјатоли.

Возбудлива трка видовме и во класата МХ3. Најдобар беше Мирче Ќорнаков (МК ЛТД спортс) пред клупскиот колега Борче Костов и Акис Теодорос од Грција.

Извор: „МФМ“

Би можело да ве интересира

На 28, 29 и 30 Јуни за првпат на овие простори ќе се одржи женски мото камп во близина на градот Салаш, Република Србија. На него е дозволено да учествуваат само девојки. Односно, оние кои возат мотори и оние кои не возат, а ја делат истата пасија со првите.

Валентино Роси вели дека имал многу проблеми на правите делови за време на одржувањето на Француската Гран При трка а неговиот мотоцикл бил многу послаб во споредба со мотоциклите на неговите ривали.

Џек Милер во Шпанија го испроба доминантниот Ducati Panigale V4 R.

Ducati тестираат замена за 959 Panigale и неговиот v-twin мотор.

„Секој викенд учиме нешто ново. Наскоро ќе бидеме подобри“  - Хорхе Лоренцо

Дали би купиле Кинески скутер од Австриска компанија кој го има знакот на Ducati?

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 11 Мај 2019 - 11 Мај 2019
  • Фабрика Партизанка - Индустриска зона

  • 01 Јуни 2019 - 01 Јуни 2019
  • Голозинци
  • Велес

  • 02 Јуни 2019 - 02 Јуни 2019
  • Дом на млади
  • Штип

  • 07 Јуни 2019 - 08 Јуни 2019
  • Нов Парк
  • Свети Николе

  • 14 Јуни 2019 - 16 Јуни 2019
  • Кавадарци

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Gradski Bazen Kumanovo
  • bul.Oktomvriska Revolucija, 1300 Kumanovo

  • 28 Јуни 2019 - 29 Јуни 2019
  • Clubhouse 3313
  • Илинденска 138, Скопје

  • 26 Јули 2019 - 28 Јули 2019
  • Клубски дом
  • Планина Плачковица

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.