Домашни настани

Кико се враќа на патеките, фантастична трка во Братиндол

Христијан Илиоски - Кико на најдобар можен начин го најави враќањето на тркачките патеки, со двојна победа во класата МХ1 на трката која вчера се возеше на патеката Братиндол крај Битола.

Следете нè на:

 

bratindol-kros-403Момент од стартот на првата трка во класите МХ1 и МХ2

Христијан Илиоски - Кико на најдобар можен начин го најави враќањето на тркачките патеки, со двојна победа во класата МХ1 на трката која вчера се возеше на патеката Братиндол крај Битола.

Бројната публика во Битола присуствуваше на одличната трка која ја организираше „ЛТД мотокрос“ клубот од Битола. На трката имавме можност да ги проследиме мајсториите на домашните возачи но и на гостите од Србија, Црна Гора, Албанија, Косово и Грција.

Секако најголем впечаток на домашната публика и остави популарниот Кико, кој покажа дека иако повеќе од една година нема настапувано на трка, пехарите кои ги има не се за џабе.

bratindol-kros-522Христијан Илиоски - Кико и Гоце Томовски по крајот на трката

Новиот мотоцикл Хонда го купи пред само една недела и иако немаше доволно време за тренинг на патеката буквално леташе воодушевувајќи ја публиката. Втората позиција на двете трки во класата МХ1 му припадна на водечкиот во генералниот пласман и негов добар пријател, Гоце Томовски.

Уште една борба која беше интересна за публиката секако беше онаа во класата МХ3 помеѓу Борче Костов и Јове Стојков која за жал во првата трка заврши со пад на двајцата по кој Јове не можеше да ја продолжи трката.

joftic-borceМомент пред падот на двајцата возачи од Битола

Од гостите впечатливо возење видовме од страна на гркот Петрос Станусис кој пебеди во класата МХ3 како и од младиот Виктор Иванович кој забележа двојна победа во класата МХ2. Од домашните возачи во класата МХ2 се издвои Михаил Бајовски како и Никола Гулевски. По подолго време на мотокрос трка го видовме и Слободан Ивчески - Цобо, кој на оваа трка настапи со позајмен мотор од Борче Костов.

За целата галерија од трките кликнете овде.

Во продолжение и комплетните резултати од вчерашните трки:

- Прва трка класи МХ1 и МХ2
- Втора трка класи МХ1 и МХ2

- Прва трка класа МХ3
- Втора трка класа МХ3

- Прва трка класи МХ65 и МХ85
- Втора трка класи МХ65 и МХ85

bratindol-kros-516Кико во негов стил ја завршува трката

За крај би сакале уште еднаш да го потенцираме возењето на Кико и она што ова момче може да го направи во својот живот, а за жал нема средства. Финансиите се проблем за секој натпреварувач, но Македонија има талент кој може да ја издигне во светски план во мотокросот. Впрочем Кико е единствениот наш натпреварувач кој донел бодови за македонија од Светски шампионат.

Неговиот план за следната година е повторно да вози на Источно-Европскиот шампионат во мотокрос, а доколку обезбеди средства би се обидел и во повисок ранг на натпреварување. Нека биде ова повик за МФМ, Агенцијата за млади и спорт, сите компании кои можат да одвојат средства и сите кои на било кој начин можат да му помогнат на Кико. Да не дозволиме талентот на Кико да пропадне, го имаме идниот Рики Кармајкл на кој му требаат само средства за да го покаже својот потенцијал. И да не биде само на празни зборови, за оние кои не знаат за успесите на младиот битолчанец, во продолжение и две фотки од дел од пехарите на Кико:

bratindol-kros-669

bratindol-kros-673

 

Би можело да ве интересира

Новиот возач на Repsol Honda ќе го пропушти првиот тест од сезоната 2019 поради операција на раката

Имавме разговори со Педроса. Бевме многу блиску до договор - Разлан Разали, извршен директор на Sepang

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.