press-mfm-7aМотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) на 28 и 29 април на патеката Милци крај Гевгелија е организатор на натпреварот „Гран При Македонија 2012“ со кој започнува сезоната од Европскиот шампионат и отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос за 2012 година.

press-mfm-7

Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) на 28 и 29 април на патеката Милци крај Гевгелија е организатор на натпреварот „Гран При Македонија 2012“ со кој започнува сезоната од Европскиот шампионат и отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос за 2012 година.

Според бројот на пријавени се очекуваат повеќе од 100 учесници на трката од десеттина земји поделени во 6 класи од кои најмногу (31) од Бугарија. Нашите претставници за првпат по подолг период ќе бидат во двоцифрен број (најавени се 15), со што се зголемуваат очекувањата од нив со оглед на настапот на домашен терен и бодрењето од публиката.

Беше најавена и трка во класата АТВ но заради малиот број на пријавени учесници (само три) истата нема да се одржи.

Според програмата тренинзите и квалификациите започнуваат во сабота 28.04. од 09:00 часот, додека свеченото отворање на натпреварот е предвидено за недела 29.04. од 10:00 часот.

На прес конференцијата беше најавен и проектот „Меѓугранични тркала“ за кој ќе пишуваме повеќе во следниот период.
Back To Top