На 25-ти октомври (недела) на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи втората трка од отворениот шампионат во мотокрос на Македонија.
На 25-ти октомври (недела) на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи втората трка од отворениот шампионат во мотокрос на Македонија.
Во техничка организација на мото клубот Вардар од Скопје, а под покровителство на МФМ на патеката Орман ќе се одржат трки во класите MX85, MX2, MX1 и MX3. Се очекува присуство на домашните натпреварувачи но и гости од странство. Активностите на Орман ќе започнат во 9 часот за кога е предвидена техничката контрола, по што ќе следува свеченото отворање на трката.
Деновиве на патеката се изведуваат и последните подготовки со цел успешно да биде спроведена втората трка од шампионатот во мотокрос.
До крајот на шампионатот за сега е предвидена уште една трка која треба да се вози на 1-ви ноември на патеката Братиндол во Битола, но се шпекулира и за уште една, четврта трка, до крајот на сезоната.
ПРОГРАМА НА НАТПРЕВАРOT
НЕДЕЛА, 25.10.2015 (Патека Орман)
- 09:30 – 10:00 Верификација и Технички преглед
- 10:25 – 10:30 Брифинг со натпреварувачите
- 10:35 – 10:45 Квалификации МХ85
- 10:50 – 11:05 Квалификации МХ3
- 11:10 – 11:30 Квалификации МX1/МХ2
- 11:45 – 11:55 Свечено отворање на натпреварот
- 12:00 – 12:15 Прва трка MX85
- 12:20 – 12:40 Прва трка МХ3
- 12:45 – 13:15 Прва трка МX1/МХ2
- 13:20 – 13:35 Втора трка МХ85
- 13:40 – 14:00 Втора трка MX3
- 14:05 – 14:30 Втора трка МX1/МХ2
- 15:00 – 15:15 Свечено прогласување на најдобрите
Забелешка: Програмата може да претрпи измени поради временските услови на патеката или бројот на пријавени натпреварувачи по класи.