На 28-ми август во Куманово на патеката Забел во Старо Нагоричане ќе се одржи мотокрос трка по повод празникот Голема Богородица.

На 28-ми август во Куманово на патеката Забел во Старо Нагоричане ќе се одржи мотокрос трка по повод празникот Голема Богородица.

Motokros trka zabel 2014

На 28-ми август во Куманово на патеката Забел во Старо Нагоричане ќе се одржи мотокрос трка по повод празникот Голема Богородица. Организатор на трката е МК Вардар и МФМ, а целиот настан се одржува под покровителство на општина Старо Нагоричане.

Според предвидената програма, од 9 часот ќе започне техничката верификација, по која ќе следува слободниот тренинг. Стартот на трката е закажан за во 14 часот, а причината заради која е преместен стартот од стандардниот термин е празникот заради кој и се организира трката.

Љубителите на мотокросот ќе имаат прилика од 12 часот да појдат во манастирот каде по одржаната литургија ќе има ручек и пијалак по повод празникот Голема Богородица.

За секој учесник на трката организаторот обезбеди и пригодна маичка, како и награди за победниците на трките.

Back To Top