Во организација на Клуб за екстремни спортови - Skyriders Prilep на 17-ти ноември на новата патека во Лагово, Прилепско, ќе се одржи промотивна мотокрос трка.

motokros-lagovo

Во организација на Клуб за екстремни спортови - Skyriders Prilep на 17-ти ноември на новата патека во Лагово, Прилепско, ќе се одржи промотивна мотокрос трка.

Трката ќе биде од промотивен карактер и нема да се бодува за шампионатот на Македонија, но веќе има голем интерес од натпреварувачите за настап на првата патека од овој вид кај нас. Патеката е со должина од 1650 метри и е поставена во класичен арена стил.

lagovo3

lagovo1

lagovo2

Последните подготовки на патеката се во тек, а од она што можеме да го видиме од сликите не очекуваат навистина возбудливи трки на новата патека. Според нашите информации во тек е поставување на систем за наводнување на патеката што ќе ја направи една од нај атрактивните патеки во Македонија.

Трките на 17-ти започнуваат во 11 часот, а доколку сакате да се пријавите за учество можете да ги контактирате организаторите на 075/259-202 и 070/280-950. Патеката се наоѓа во близина на Прилеп, се што треба да направите е да ги следите патоказите кои ќе бидат поставени пред трката, или за полесно да се снајдете во продолжение и неколку објаснувања:

1376752 680630071949448 1206300837 n

1415699 680629941949461 626518893 n

1419934 680629815282807 1429086428 n

На организаторите им посакуваме многу среќа, се надеваме дека ќе видиме доволно натпреварувачи на првата трка и дека веќе од следната година патеката Лагово ќе влезе во календарот за крос натпревари на МФМ. 

Back To Top