Во недела (01.11.2015) на патеката Братиндол во Битола ќе се одржи третата трка од отворениот шампионат на Македонија во мотокрос.

bratindol 2 2015

Во недела (01.11.2015) на патеката Братиндол во Битола ќе се одржи третата трка од отворениот шампионат на Македонија во мотокрос.

Во техничка организација на Мото клубот „LTD Sports“, а под покровителство на Мотоциклистичката Федерација на Македонија, на патеката Братиндол во Битола ќе се одржи третата трка од отворениот шампионат на Македонија во мотокрос.

Ова ќе биде втора меморијална трка во чест на Тони Гулевски - Бабуш, основачот на овој клуб кој прерано го загуби животот.

Временските услови во недела ќе бидат идеални за возење до Битола, затоа Ве покануваме да присуствувате на третата трка од домашниот шампионат на која освен домашните возачи најавени се и гости од странство. Во продолжение следува и програмата за трките:

НЕДЕЛА, 01.11.2015 (Патека Братиндол)

  • 09:00 – 09:45 Верификација и Технички преглед
  • 10:00 – 10:10 Брифинг со натпреварувачите
  • 10:15 – 10:30 Квалификации МХ85 (15 минути)
  • 10:35 – 10:55 Квалификации МХ3 (20 минути)
  • 11:00 – 11:25 Квалификации МХ1 и МХ2 (25 минути)
  • 11:45 – 11:55 Свечено отворање на натпреварот
  • 12:00 – 12:15 Прва трка МХ85 (10 минути + 1 круг)
  • 12:20 – 12:50 Прва трка МХ3 (15 минути + 1 круг)
  • 12:55 – 13:25 Прва трка МХ1 и МХ2 (20 минути + 2 круга)
  • 13:30 – 13:45 Втора трка МХ85 (10 минути + 1 круг)
  • 13:50 – 14:10 Втора трка МХ3 (15 минути + 1 круг)
  • 14:15 – 14:45 Втора трка МХ1 и МХ2 (20 минути + 2 круга)
  • 15:00 – 15:15 Свечено прогласување на најдобрите

Забелешка: Програмата може да претрпи измени поради временските услови на патеката или бројот на пријавени натпреварувачи по класи.

Back To Top