МК Мотори и МК Вардар, во соработка со клубот за екстремни спортови Sky Riders од Прилеп, a во согласност со календарот на МФСМ и Правилникот за Мотокрос на МФСМ, на ден: 25.4.21 (недела), закажуваат мото-крос трка во класите MX1, МХ2, MX и MX85

Трката ќе се одржи на полигонот за мотокрос Лагово, крај Прилеп. Патеката е долга 1650 метри, минимална ширина е 6 метри и старт од 90 метри. Висинската разлика е 8 метри, а зоната за чекање и за механичари е одредена зад стартот.

motokros prilep 2014 147 copy

Пријави за трката се доставуваат до април 22, 2021, на адреса на организаторите или по елктронска пошта на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.; Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и/или на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Трката ќе се спроведе според Правилникот за мотокрос на МФСМ, како и правилата на ФИМ и ФИМ - Европа. Мотоциклите и опремата на возачите треба да се по стандардите на ФИМ и ФИМ - Европа

Бидејќи трката ке се одвива во услови на пандемија (COVID - 19), возачите и нивните екипи се обврзуваат да се придржуваат на протоколите пропишани од комисијата за справување со пандемијата и министерството за здравство на Република Македонија.

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.