Домашни настани

Потсетување: Ендуро Велес, 27.05.2012

motori enduro-velesПод покровителство на Мотоциклистичка федерација на Македонија, aво техничка организација на МК Мото Велес на 27 мај на патеката крај езерото „Младост“, традиционално трета година по ред Велес ќе биде домаќин на првиот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро.

Следете нè на:

 

E2 Milosevic
Шампионатот на Македонија годинава е распишан во 4 класи: Е1, Е2, Е3 и Т1 и се очекува рекорден број на учесници, односно преку 30 натпреварувачи од Македонија. Двојните шампиони, Ивица Милошевиќ (Е2, МК Мотори – Скопје) и Виктор Ефремов (Т1, МК Мото Велес – Велес) ја започнуваат борбата за трета титула по ред и атакуваат на златна кацига, додека Валентин Тошев (МК Брзкруг – Велес) ќе је брани титулата во класата Е3. Според најавите, на патеката нема да го видиме единствено четвртиот шампион од 2011 година, Александар Петровски (МК Мотори) кој ќе и им го препушти местото на подиумот на своите конкурентите од класата Е1.

T1 Efremov

Патеката е со должина од 15 километри, а натпреварувачите ќе треба да ја поминат на четири пати. Во рамките на секој круг ќе има и брзински испит кој содржи елементи од мотокрос, ендуро и екстрим. „Брзинецот“ќе биде најпривлечен за публиката со оглед на конфигурацијата на теренот, одличната прегледност и панорамата од која се гледа целото езеро „Младост“. Покрај тоа на патеката ќе има и 2 временски контроли и една контролна точка.

30 Valentin_Tosev_E3_1

Според програмата свеченото отворање на натпреварот е предвидено за 11:30 часот, а 
стартот на првиот натпреварувач е во 12:00 часот. Збирот на времиња од трите брзинци и казнените поени од временските контроли ќе ги одредат најдобрите по класи и во клупска конкуренција. Прогласувањето на најдобрите е предвидено за 15:00 часот.

Би можело да ве интересира

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Без никакво сомневање, Италија би можела да се нарече центар на дизајнерските студија од целиот свет. Ајде одблизу да ја разгледаме Италијанската дизајнерска сцена на мотоцикли.

Гран При комисијата ги одложи до јуни задолжителните хомологациски правила за кацигите.

Во изминативе две години бевме малку изгубени, но сега знаеме по кој правец да се движиме и имаме поголем оптимизам – Валентино Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.