Домашни настани

Успешен прв тренинг во Кичево

Викендов кој измина на импровизираната патека во Кичево се одржа успешен тренинг за брзински мотоциклизам.

Следете нè на:

 

kicevo-moto-39Одличен тренинг за Спиров пред почетокот на сезоната во Источно Европскиот шампионат

Викендов кој измина на импровизираната патека во Кичево се одржа успешен тренинг за брзински мотоциклизам.

Поголемиот дел од саботата беше искористен за чистење на патеката, која благодарение на иницијаторите на настанот како и на против пожарната служба од Кичево за само неколку часа беше доведена во состојба во која може да се вози.

Иако во саботата немаше многу возачи, неделата ни покажа дека луѓето се желни за трки. На тренингот се појавија 12 мотоциклисти кои возеа на стазата, иако сме свесни дека кога би се организирала трка нема да се појават сите 12, сепак надежно е тоа што луѓето сакаат да се обидат, да видат како е да се вози на стаза, а тоа е првиот чекор пред да се започне со возење трки.

Тренингот помина во најдобар ред, без инциденти, а со многу среќни и насмеани луѓе кои имаа прилика да свртат по некој круг во Кичево. Имавме прилика да го следиме возењето на Игор Спиров - Зизи, за кого ова беше прва подготовка пред почетокот на трките од Источно Европскиот шампионат. Зизи го заврши тренингот задоволен од постигнатото, а присутните освен од возењето на Зизи беа воодушевени и од возењето на 15 годишниот Аргетим Рамадани од Кичево.

На тренингот недостасуваа и многу возачи кои имаат возено во Кичево и кои сигурно би се вратиле на патеката доколку се организираат трки. Кворум има, сега уште надлежните да ја повлечат работата, да се вложат средства за ситни поправки и конечно да се организира шампионат во брзински мотоциклизам и скутери.

Сакаме трки!

 

Би можело да ве интересира

„Во моментов ми се случуваат навистина убави работи. Треба само да продолжам да работам. Како стареам така чувствувам дека станувам се подобар“ – Џек Милер

Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година.  Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.

Зимскиот период е одличен за планирање и подготовка за сезоната која следува, така е и со нашите натпреварувачи на меѓународните трки, а првиот од нив со кого разговараме за идните планови е Слободан Ивчески - Цобо (МК Сакамото).

Макпетрол во својот салон за мотоцикли и мото опрема ги донесе новите модели на јакни од програмата на Spyke.

Сега откако пред-сезонските програми веќе се финализирани и се знаат целите за сезоната 2019, разгледавме што му е потребно на секој тим во сезоната која претстои. За време на заедничката прес конференција на сите тимски менаџери, секој од шефовите на екипите откри какви им се приоритетите во текот на зимските тестови.

Зборувајќи за Crash.net, Скот Рединг открива која е единствената работа за која жали што не ја направил за време на неговиот  11 годишен престој во Гран При трките:  Губењето на титулата во Moto2  серијата во 2013 година.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.