Домашни настани

Успешна организација на „Гран При Македонија 2012“

thumb_motocross-milci-2012-2Викендов на патеката Милци крај Гевгелија, Мотоциклистичката Федерација на Македонија беше организатор на трки со кои започна сезоната од Европскиот шампионат и отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос за 2012 година.

Следете нè на:

 

motocross-milci-2012-2Дел од македонските натпреварувачи пред почетокот на трките

Викендов на патеката Милци крај Гевгелија, Мотоциклистичката Федерација на Македонија беше организатор на трки со кои започна сезоната од Европскиот шампионат и отворениот Источно-Европскиот шампионат во мотокрос за 2012 година.

Вкупно 73 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Србија, Романија, Грција, Албанија, Унгарија, Хрватска, Црна Гора, Молдавија и Турција настапија на одлично подготвената патека во вкупно 6 класи. Се возеше по сончево, мирно и топло време, но благодарение на навременото прскање на патеката, а и дождот кој падна во саботата, на Милци немаше премногу прашина.

motocross-milci-2012-139Слободан Ивчески на крајот од трката

Нашите натпреварувачи кои беа 13 на број достојно ја претставија Македонија на трките. Христијан Илиоски го освои второто место во МХ2 класата по две извозени трки, а нашиот најдобар натпреварувач во МХ1, Гоце Томовски денот го заврши како третопласиран. Благојче Спировски во МХ2 освои 22 бода, доволни за 10-та позиција, а Никола Гулевски и Филип Кондратенко финишираа на 19 и 20 позиција.

motocross-milci-2012-362Христијан Илиоски и покрај проблемите со моторот дојде до втората позиција во генералниот пласман

Христијан Станкович настапи во класата EMX85 и го забележа 18-то место во навистина тешка трка. Неговиот пласман треба да биде мотив повеќе да продолжи да тренира бидејќи сигурно му претстои светла иднина во мотокросот.

motocross-milci-2012-411Нашите натпреварувачи на крајот од прогласувањето

Најбројни беа нашите натпреварувачи во MX класата, каде 7 натпреварувачи се пласираа од 4-та позиција до 11-та. Николче Тодоров заврши како 4-ти, а потоа следуваа Мирче Ќорнаков, Слободан Ивчески, Јован Стојков, Борче Костов, Миодраг Станкович и Александар Тодоровски на 11-та позиција.

Кликни овде за сите слики од трките на Милци.

Во продолжение следуваат и резултатитe по класи:

- MX
- MX 1 и MX 2
- EMX 85
- EMX 65

Би можело да ве интересира

Новиот возач на Repsol Honda ќе го пропушти првиот тест од сезоната 2019 поради операција на раката

Имавме разговори со Педроса. Бевме многу блиску до договор - Разлан Разали, извршен директор на Sepang

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.