Во сабота во хотелот Белви крај Скопје со почеток од 11 часот ќе се одржи првата Ендуро Крос трка во Македонија.

Ендуро Тим Водно - Скопје е организатор на првата Ендуро Крос трка во Македонија. Настанот ќе се одржи во дворот на хотелот Белви, со почеток од 11 часот

На трката до сега пријавени се 70-на возачи, а организаторите обезбедија и одлични награди за натпреварувачите што само ќе го зголеми квалитетот на настанот. Трките ќе се возат на кружна патека со различни препреки - вода, кал, ситни и крупни камења, гуми..., а до победникот ќе се дојде по метод на елиминација.

54798828 2386446444721983 5491846364952264704 o

Не очекува возбудлив натпреварувачки ден во кој од трка во трка ќе следиме вистинска борба, а само најдобрите возачи ќе стигнат до финалето.

Временската прогноза за утре е одлична, озвучувањето и бината се поставени, за забавата ќе се погрижат фантастичните DAY OFF - The Next Generation, а вам ви останува само да си ги земете дечињата и да поминете одличен саботен ден.

55590188 2404305239602770 8301431897741852672 o

Back To Top