Домашни настани

Во Струмица ќе се гради патека за трки од Светскиот Шампионат во Мотокрос!

Во Струмица ќе се гради мотокрос патека за одржување на натпревари од највисок ранг.

Следете нè на:

 

Во Струмица ќе се гради мотокрос патека за одржување на натпревари од највисок ранг.

По активната соработка и направените прeлиминарни подготовки за изградба на патека за одржување на Мотокрос натпревари од највисок ранг, во Струмица беше официјално потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Струмица и Мотоциклистичката Федерација на Македонија.

Договорот го потпишаа Градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски и Претседателот на Мотоциклистичката Федерација на Македонија Зоран Трајковски. Потпишувањето на овој меморандум е потврда за активната работа на двете институции во насока на поставување на државата на мапата држави организатори на натпревари од Светскиот Шампионат во Мотокрос (MXGP). Тоа е од огромно значење за промоција на нашата држава како и за развојот на мотоциклизмот. Успешната реализација ќе ја постави Струмица и Македонија како нов центар на светската мапа за тренинг и врвни мотокрос натпревари.

p1Градоначалникот на Општина Струмица Коста Јаневски и претседателот на МФМ Зоран Трајковски

Паралелно со потпишувањето на договорот направени се и првичните преговори со господинот Freddy Verherstraeten, кој беше гостин на Мотоциклистичката Федерација на Македонија и е човек кој ги има изработено 80% од патеките на кои се одржува Светскиот Шампионат во Мотокрос (MXGP). Господинот Freddy Verherstraeten имаше можност да го погледне теренот каде што е предвидено да биде изградена патеката и во текот на самата посета беа направени прелиминарни скици и планови за нејзиниот изглед.

Дополнително во насока на организацијата на натпреварот кој е предвиден за сезоната 2020, во Женева на Конференциската недела на на Светската МотоФедерација ФИМ на која присуствуваше Благоја Петровски како член на комисија за Јавни Работи на ФИМ, беа направени разговори со фирмата промотор на MXGP за плановите и намерата Македонија да биде организатор на натпревар во 2020 година.

Со сите споменати активности очекуваме да ја добиеме можноста и успешно да организираме натпревар во рамките на Светскиот Шампионат во Мотокрос (MXGP) во 2020.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Официјално денеска беше ставен потпис на договор со кој Џек Милер ќе биде еден од возачите за фабричкиот тим на Дукати во 2021 со можност договорот да се продолжи на уште една година.

Според зборовите на неговиот менаџер, легендариот Кенан Софуоглу, за Топрак веќе постои интерес од МотоГП тимовите.

По изјавата на шефот на Петронас тимот, дека Роси е жива легенда но тој не би сакал да дојде во тимот само за да се збогува со МотоГП, „Докторот“ денеска даде свое видување на ситуацијата.

На 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи првата трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Нашиот стандарден Africa Twin е одличен избор за сериозните оф роуд ентузијасти.

Со денешната одлука на Дорна се откажани трките во Германија (Захсенринг), Холандија (Асен) и Финска (КимиРинг).

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.