Во недела на патеката Волково во Скопје ќе се одржат вторите трки од Скамото купот во скутери, супермото и минимото.

sakamoto-kup-2014

Во недела на патеката Волково во Скопје ќе се одржат вторите трки од Скамото купот во скутери, супермото и минимото.

Викендов продолжуваат возбудувањата во единственото домашно мото натпреварување - Сакамото купот. На програмата се вторите трки во сезоната со скутери, минимото и супермото.

Според најавата од организаторот по подолга пауза публиката ќе може да ужива и во трки со картинзи кои ќе бидат дополнување на одличната прва трка која имавме прилика да ја следиме. Во продолжение ќе ја најдете и програмата за трките:

ПРОГРАМА НА НАТПРЕВАР – ВОЛКОВО 2 
САКАМОТО КУП ВО СКУТЕРИ, СУПЕРМОТО И МИНИМОТО
28 И 29 ЈУНИ 2014

28.06.2014 САБОТА 

11:00-20:00 Верификација и Технички преглед
11:00-15:00 Неофицијален тренинг
15:00-17:00 Квалификации
20:00 Брифинг со натпреварувачи

29.06.2014 НЕДЕЛА 

11:00-11:30 Верификација и Технички преглед
12:00 Протоколарно отворање на натпреварот. Задолжително е присуство на сите натпреварувачи, со комплетна опрема
12:20 Трка картинг
12:40 Трка минимото
13:00 Трка скутери 50 цц
13:30 Трка скутери над 50 цц
14:00 Трка супермото
15: 00 Прогласување на победници

За галеријата од првите трки во сезоната кликнете овде.

Пријавувањето е отворено до сабота до 20 часот! 

Back To Top