Подготовките за мото релито Македонија се започнати порано од претходните години со цел навремено да се информира јавноста и да се популаризира настанот.

377753 10151220698140330 305614382 n

22-то мото рели Македонија - Независност ќе се одржи од 7 до 9 септември. Поаѓањето е во сабота од плоштадот Македонија во Скопје, а пристигнувањето на истото место е предвидено за на 9-ти септември (понеделник, неработен ден).

Цената на котизацијата изнесува 600 денари за возач и 300 за совозач, уплатата ќе се врши преку банка со уплатница на сметката на МФМ или во сервисот „Сито“ во Скопје каде ќе може да се плати во готово.

Вкупната должина на рутата за 22-то мото рели Македонија - Независност е 787км, поделени на три етапи, од кои првата во должина од 291км, втората со должина од 294км и третата со должина од 202км.

Ден 1

Според планираната рута, годинава ќе се вози од Скопје (поаѓање во 10 часот од плоштад Македонија), преку: 
Куманово 
Кратово
Пробиштип
Кочани
Виница (пауза од 1 час)
Берово (контролна точка)
Струмица (пауза од 50 минути) и
Дојран каде ќе се ноќева првата вечер. Вкупна должина на рутата за првиот ден е 291км.

Во Дојран предвидени се активности за учесниците по доаѓањето, а забавата е предвидена за во кампот „Партизан“ каде во 20.00 има вечера за учесниците, а потоа и забава со рок бенд. 

Во Дојран обезбедено е сместување во кампот „Партизан“ каде има четворокреветни приколки по цена од 400 денари, и четворокреветни бунгалови по цена од 1000 денари. Бунгаловите се со кујна, купатило и клима, но за слободни места ќе треба да се праша на самото место. 

Друга опција за сместување во Дојран се хотелите. Нај евтини се Јака и Бетон каде ноќевањето е 350 денари, а во хотелот „Престиж“ (гледа кон езерото, а се наоѓа пред кампот Партизан), каде цената за ноќевање со доручек изнесува 600 денари по лице.

Ден 2

Од Дојран се вози преку:
Гевгелија
Неготино (пауза од 30 минути)

Прилеп (пауза од 30 минути)
Битола
Ресен
Галичица (контролна точка и пауза) и
Охрид каде се ноќева. Вкупната должина на рутата за вториот ден е 294км.

Во Охрид обезбедена е вечера во пицеријата кај „Билјанини извори“, а потоа и забава за учесниците. Ноќевањето може да биде во „Калифорнија“, „Партизан“ или по сопствен избор.

Цените за сместувањето во Охрид се:

Вила Диони - 10 евра со доручек
Апартмани Неим - 10 евра
Амартмани Митко - 10 евра
Хотел Дипломат - 1000 денари со доручел
Бараки Калифорнија - 250 денари
Поставување на шатор пред бараките во Калифорнија (местото каде ќе се одржи забавата во Охрид) чини 200 денари од шатор со обезбедено ВЦ.

Со котизацијата за секој учесник е обезбедена вечера во ресторанот „Лагуна“ кој се наоѓа кај каналот, пред одмаралиштето Калифорнија.

Ден 3

Од Охрид рутата води преку:
Струга
Дебар
Маврови Анови (пауза од 30 минути)
Гостивар
Тетово 
и потоа е враќањето во Скопје на плоштадот Македонија. Вкупната должина на рутата за третиот ден е 202км.

Доделувањето на наградите, дипломите и затворањето на релито ќе се случи на плоштадот Македонија во Скопје.

mapa-makedonija-reli-nova 

Пријавувањето за гостите од странство е на самото место пред поаѓањето кое е закажано за во 10 часот. Доволно е да бидете еден час порано на плоштадот Македонија во Скопје, а котизацијата за учество е 10 евра за возач и 5 евра за совозач.

Котизацијата за релито може да се уплати на сметката на Мотоциклистичка Федерација на Македонија
Број на сметка: 210062930770196
Банка: Тутунска банка.

Место за сместување нема потреба да се резервира, во Дојран се обезбедени доволно приколки и места во хотелот, а истото е и во Охрид. Доколку некој доаѓа еден ден порано во Скопје евтино сместување има во хостел Шанти (околу 10 евра од ноќ), според планот, враќањето е на 9-ти во Скопје, кога ќе се одржи доделувањето на наградите во општина Аеродром, а пристигнувањето на учесниците се очекува во 15.30 часот.

maica-reli1 maica-reli2

Во продолжение и саатницата за релито:

07.09.2013 -    Скопје      10:00 Тргнување од плоштад „Македонија“

                                                ул. Вељко Влаховиќ

                                                бул. Кочо Рацин

                                                бул. Гоце Делчев

                                                бул.Александар Велики

                        Куманово       Минување покрај (10:30)

                        Кратово          Минување покрај (11:30)

                        Пробиштип     Минување покрај (11:50)

                        Кочани           Минување покрај (12:15)

                        Виница           Околу 12:30 - Пауза на плоштад „Ангел Винички“ (1 час)

                        Берово           Минување покрај (14:10)

                        Струмица       Пауза на плоштад од 50 минути, пристигнуваме во 15:10.

                        Стар Дојран   Пристигнување во Стар Дојран во 16:50ч

08.09.2013 -    Стар Дојран   10:00 Тргнување од центарот на Стар Дојран

                        Гевгелија        Минување низ Гевгелија со пауза (30 мин.) на плоштад во 10:30

                        Неготино         Минување со пауза во Неготино од 30мин., пристигнување во 12:00

                        Кавадарци     Минување крај Кавадарци

                        Прилеп           Минување со пауза (30 мин.) во Прилеп во 13:30

                        Битола            Минување крај Битола (14:00)

                        Ресен              Минување крај Ресен (14:30)

                        Галичица        Контролна точка (15:00), пауза 20 мин.

                        Охрид            Пристигнување во Охрид во 16:30 на плоштад

09.09.2013 -    Охрид             Тргнување во 11:30 од пристаниште

                        Струга             Минување покрај (12:00)

                        Дебар             Минување покрај (13:00)

                        Маврови Анови Минување покрај во 13:45 (пауза од 30 мин.)

                        Гостивар        Минување покрај во 14:15 

                        Тетово            Минување покрај (16:30)

                        Скопје            Плоштад Македонија (17:00)

Back To Top