Домашни

5 години Мотори.ком.мк: Доделуваме неколку награди од Максима

logo-maxima

Прославата на 5 годишнината од нашето постоење продолжува, благодарение на нашите пријатели од Максима деновиве ќе доделиме повеќе награди од нивниот асортиман.

Следете нè на:

 

logo-maximaПрославата на 5 годишнината од нашето постоење продолжува, благодарение на нашите пријатели од Максима деновиве ќе доделиме повеќе награди од нивниот асортиман. Започнуваме со ранчиња Сузуки, потоа ќе имаме танк налепници, диск-лок уреди, маички.. следете не постојано, како и досега наградите одат кај оние кои не следат и се најбрзи. Не заборавајте, наградните игри ги објавуваме и на нашиот твитер и фејсбук профил па затоа бидете на штрек :)

Прославата за нашиот петти роденден ќе се одржи на 15-ти септември во „Custom Pub“ во центарот на Скопје. За сите кои ќе дојдат на забавата со мотоцикл обезбедивме барем по едно гратис пиво, а за атмосферата ќе се погрижи бендот „План Г“. Најавени се гости од сите мото клубови во земјава па не го заборавајте датумот.

Би можело да ве интересира

Викендов на патеката во Серез, Грција, започнува БМУ Европскиот и Македонскиот шампионат во брзински мотоциклизам.

Стартуваше новата MotoGP сезона. Минатата недела имавме навистина возбудлива трка во Катар. Новата MotoGP трка ни носи и нов Motul Суперфан.

Андреа Довициозо не сака да му посвети големо внимание на резултатот од првите три трки од новата сезона. Од она што можевме да го видиме во Катар, мотоциклите на Ducati беа најбавни во свиоците.

Хорхе Лоренцо верува дека наскоро ќе може да го покаже целосниот потенцијал откако имаше слаб настап за време на дебитанската трка во новиот тим.

Валентино Роси верува дека Suzuki има постигнато најголем напредок за време на зимските тестови.

Шефот на Ducati, Џиџи Дал’Игна ги отфрли обвинувањата дека е нелегален додатокот кој го има на нивниот мотоцикл и ја обвини Honda дека е виновна за целата оваа ситуација.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.