Aprilia RSV4 RR, ѕверот кој ги освои највисоките оценки на повеќе тестови во конкуренција на супербајк моторите за 2015 пристигна во салонот на Динамикс во Скопје.

aprilia rsv4 2015 13

Aprilia RSV4 RR, ѕверот кој ги освои највисоките оценки на повеќе тестови во конкуренција на супербајк моторите за 2015 пристигна во салонот на Динамикс во Скопје.

Последниот тест на MotorPassion на кој беа споредени Aprilia RSV 4 RR, BMW S 1000 RR, Ducati 1299 Panigale S, Yamaha YZF-R1, Kawasaki ZX-10R, Honda Fireblade и Suzuki GSX-R 1000 покажа дека не само на Дино машината, туку и на тркачката патека Априлијата е најбрза. 

Ова се должи пред се на опремата која стандардно доаѓа на моторот од фабрика, а вклучува aPRC (Aprilia Performance Ride Control која содржи Traction Control, Wheelie Control, Launch Control и Quick Shif), Ride-by-Wire како и Race ABS (најдобриот систем за кочење направен во соработка со Bosch кој вклучува 3 нивоа на кочење во зависност од изборот на возачот).

Дополнително на сето ова, Aprilia RSV4 RR доаѓа со моќност од 201кс и тежина од само 180кг. Моделот иако на прв поглед има мали козметички промени во однос на неговите претходници, сепак е добитна комбинација во однос на цена/перформанси. Доколку сте пасиониран возач кој ужива во брзината, новата RSV4 RR е вистинскиот избор за Вас.

Цената на новата Априлија во Динамикс е 18.500 евра, значително пониска од цената на моделот во Италија (19.200), а како мотивација за првиот купец момците одлучија да подарат и нова Aprilia SR50! Значи првиот кој ќе ја купи новата Aprilia RSV4 RR 2015, ќе добие и скутер Aprilia SR50 за цена од 18.500 евра. 

Се надеваме дека наскоро ќе имаме прилика да ја провозиме и ние, па од прва рака да ви ги пренесеме впечатоците, до тогаш уживајте во споредбениот тест на MotorPassion.

Back To Top