Домашни

Бензините поевтинија за 2,5 до 3 денари

motori benzinБензините поевтинија за 2,5 до 3 денари па така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 77,00 ден/лит.

Следете нè на:

 

benzin

Бензините поевтинија за 2,5 до 3 денари па така цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 77,00 ден/лит.

Малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за 4,8 отсто во однос на утврдените од пред две недели, извести Регулаторната комисија за енергетика од денешната сендица.

Со ова, цените на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 во малопродажбата се намалуваат за 2,50 ден/лит, односно за 3,00 ден/лит, со што цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 75,50 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 77,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3,00 ден/лит.

Со ова цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 64,50 ден/лит, а на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 53,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,995 ден/кг, со што на М-1 НС изнесува 39,383 ден/кг.

Просечната цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше 91,981 долари за барел и е за 6,2 отсто пониска од просечната цена на сурова нафта (98,063 долари за барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот 14-то дневен период изнесуваше  48,9915ден/долар и е за  0,6 отсто понизок од курсот на доларот (49,2887ден/долар) по кој беа формирани претходните цени.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот четиринаесетодневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 2,5 отсто или за 22,5 долари за тон,  кај дизелот намалување во просек за околу 2,73 отсто или 22,8 долари за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 4,48 отсто или за 26,625 долари за тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Би можело да ве интересира

Стартуваше новата MotoGP сезона. Минатата недела имавме навистина возбудлива трка во Катар. Новата MotoGP трка ни носи и нов Motul Суперфан.

Андреа Довициозо не сака да му посвети големо внимание на резултатот од првите три трки од новата сезона. Од она што можевме да го видиме во Катар, мотоциклите на Ducati беа најбавни во свиоците.

Хорхе Лоренцо верува дека наскоро ќе може да го покаже целосниот потенцијал откако имаше слаб настап за време на дебитанската трка во новиот тим.

Валентино Роси верува дека Suzuki има постигнато најголем напредок за време на зимските тестови.

Шефот на Ducati, Џиџи Дал’Игна ги отфрли обвинувањата дека е нелегален додатокот кој го има на нивниот мотоцикл и ја обвини Honda дека е виновна за целата оваа ситуација.

Honda Rebel 500 има многу модерен изглед. Голем дел од елементите се позајмени од секторот на спортски мотоцикли, а тие му даваат елегантен и модерен изглед.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.