Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите, скоро непроменети цени на горивата.

benzin-polnenje

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите, скоро непроменети цени на горивата.

По големото поевтинување од 4,5 денари пред две седмици, како сите да очекуваа голем раст на цените на бензините, но сепак добивме поскапување од половина денар за бензинот Еуросупер-98, додека пак 95-та останува со иста цена.

Согласно нивната методологија за пресметка на цените, малопродажните цени на горивата се зголемуваат во просек за 0.35%. Преведено во реалноста, тоа значи дека цените на ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОДИЗЕЛ остануваат исти. Само цената на ЕУРОСУПЕР-98 ќе истрпи мало покачување, и ќе се продава за цена 0.5 денари повисока од досегашната, односно за 80 денари за еден литар гориво.

Новите цени стапуваат на сила од вечерва на полноќ, и ќе важат следните две седмици.

Back To Top