Благодарение на CFMoto Македонија изминатиов викенд имавме можност на кратко да возиме 4  модели од нивната понуда. Секако главната ѕвезда беше најновиот 800MT.

cf moto test

Трендот на големите светски брендови за мотори да отвараат соработки со компании од Кина кои ќе бидат задолжени за производство и пласман на своите но и заеднички мотори расте брзо. Прашање на време беше кога ќе се појави некој од овие производители со свој мотор кој ќе биде достојна конкуренција во премиум сегментот на европскиот, американскиот и австралискиот пазар. 

Поминаа точно 10 години од почетокот на првата стратегиска соработка меѓу KTM и CFMoto како нивни увозник и дистрибутер во Кина и 4 години од заедничкото производство на одредени модели. И после толку време, би рекле конечно, дојде долго очекуваниот 800MT како прв од планираните 10 модели на заедничката соработка реализирана во фабрика која има капацитет да произведе 50.000 мотори годишно. 

Овој викенд всушност беше еден од ретките во последниве десетина и повеќе години кога еден увозник во нашата земја организирал нешто вакво. CFMoto Македонија во соработка со CFMoto Србија кои се одговорни за регионот на располагање на заинтересираните купувачи им ставија 4 различни модели. Два понови и два би рекле постари. Секако дека најголемото внимание го привлече 800MT но покрај него како сега веќе сериозен индикатор дека кинезите не заостануваат можевме да го возиме и 700 CL-X и тоа во Heritage изведбата. Покрај нив можеше да се пробаат и малку постарите модели 650MT и 650GT. 

Во саботата за тест возење се појавија повеќе од 40 потенцијални сопственици на некој од овие модели. Се споделија многу информации, импресии но и планови на CFMoto за развој и градење на својата позиција на регионалниот и европскиот пазар. Благодарение на оваа екипа и заложбите на импортерите нашиот пазар имаше слободно може да речеме и ексклузивна шанса да го проба 800MT затоа што моделот кој беше достапен овој викенд беше само еден од трите мотори кои ги има во моментов во Европа. 

cf moto test 2

Во овој текст нема да одиме во детали со опис на техничките карактеристики на самите мотори, иако паѓаме во искушение да пишуваме многу за 800MT. Сепак ќе го оставиме тoa да го направи екипата која стои зад YouTube каналот Mотори+Пиво+Баскет а ние секако ќе споделиме. 

Она што генерално остави впечаток за сите 4 мотори на тест е сировата моќ на самите агрегати. Иако 3 различни агрегати, од различна генерација, сепак впечатокот кај сите три беше дека моторите имаат моќ, во голем опсег од својата работа. Ова и не е толку големо изненаудвање ако земеме предвид дека CFMoto го презема педигрето на KTM, сепак можеби очекувавме тоа да биде така кај 95 коњскиот 800MT но не и кај 650MT. Позитивно, во секој случај. 

Кога ги глеадме останатите карактеристики на моделите мора да направиме дистинкција. Моделите со 650cc се постари, освен ABS немаат никаква друга електроника и генерално делуваат како кинези. Не во поглед на квалитетот, одамна веќе ја учиме лекцијата дека кинеско веќе не е и не треба да биде синоним за неквалитет, туку едноставно има делови кои не се доработени. Кај овие модели од постарата генерација забележителни се дизајнерски и функционални елементи кои се преземни од некои други познати мотори и склопени некако без посебен свој идентитет. Тоа не значи дкеа е лошо, да се разбереме, но придонесува за помалата возбуда и секако недостаток од воодушевување. На крајот на краиштата, 650GT и 650MT нудат супер забава и фукционалност сосема солидни конструкции и испорачуваат се за што ќе платите (цените се движат околу 5-6000 евра), плус екста моќ кога ќе ја свртите рачката за гас. 

Од друга страна 800MT е приканза за себе. Вистински предводник на новата генерација на мотори кои ќе доаѓаат од Кина. Кога беше најавен како концепт, кога се појавија првите верзии во далечните делови на Азија и Австралија, некако сите сакавме да се увериме дека е вистина, дека моторот постои и дека е навистина вреден да се спореди со светската конкуренција. 

800MT користи 799cc мотор кој е реплика на агрегатот на KTM 790, KYB суспензија, J.Juan амортизери, Bosch пумпа за гориво, 7' TFT екран, и LED светла на целиот мотор. Можеби ова не е врвот во класата ама јасно укажува дека CFMoto не одлучиле да користата некоја ефтина кинеска замена.

На прв поглед MT800 со својот уникатен изглед како да сака да каже, не сум јас копија, не ме асоцирајте со Кина, јас имам свој карактер и сакам така да ме гледате. Можеби дизајнот не му се допаѓа на секому, но факт е дека има вложено многу часови работа во него. Факт е дека нема делови кои потсетуваат на овој или оној модел а сепак изгледа супер склопено и доработено. 

800mt touring

Не можеме многу да зборуваме за квалитетот на пластиките и останатите материјали, рано е, ама ако се суди според изгледот и завршната обработка на спојките, штеповите и сл. тогаш повторно овој модел не остава многу простор за воздржаност. 

Управливоста и на 800MT и на 700 CL-X е солидна. Не бараат посебно навикнување, нема отстапки од очекуваното и навистина даваат самодоверба уште на прво седнување. Она што генерално не изненади позитивно беше стоечката позиција на 800MT, која навистина беше одлична особено ако земеме предивд дека моторот не е баш и лесен со своите 225 kg. и резервоар од 19 литри. 

800MT доаѓа во две верзии Sport и Touring. Ние ја возевме Sport верзијата која доаѓа со помалку стандардна опрема и со алуминиумски бандажи. Но помалку опрема не значи и дека е гола, ова верзија доаѓа со круз контрол, блутут поврзување, два мода за возење (спорт и дожд), лед светла и вграеден ролбар. 

Tourung верзијата е онаа за која сите зборуваат, затоа што таа во стандардна опрема вклучува: квикшифтер, монитор на притосок на гуми, греачи на рачки, греачи на седишта, штитници за рачки, алуминиумска заштита на мотор, амортизација на волан, блутут поврзување со телефон, палење без клуч и централен потпирач. 

Ако судиме според понудите во Австралија разликата во цена помеѓу Sport и Turing верзиите нема да е поголема од 1000 евра, што секако укажува на фактот дека Touriung варијатата е онаа на која дефинитивно треба да се фокусира пазарот. 

cf moto test 3

Она што го знаеме сега за сега е дека овие модели ќе бидат достапни на пазарот веќе на почетокот на следната година. Увозниците се спремаат веќе во март да ги испорачаат првите модели, се разбира ако глобаната економија со обезбедување на репро материјали и транспорт го овозможи тоа. Она што не го знаеме е цената. Токму поради овие наведени фактори увозниците не се осудуваат отворено да зборуваат за цената на овој модел, но ако судиме според актуелната понуда на некои пазари и грубите проценки тогаш може да очеквуаме дека CFMoto 800MT Tourung ќе биде нешто над 10.000 евра. Или барем ние посакуваме да е така. 

cf moto test 4

Како и да е, се надеваме дека CFMoto со овој настан ќе успее да инспирира или да започне нов тренд на презентирање на моторите достапни на нашиот пазар. Оваа сабота тие докажаа дека има простор пазарот да работи на доближување на увозниците со своите постоечки или потенцијални купувачи.

Едно е сигурно, ерата на кинезите, по урнек на многу други индустрии, доѓа и во мото индустријата. CFMoto се труди да се наметне како сериозен играч. Времето ќе покаже колку ќе успеат во тоа. Сега за сега ова што го гледаме, ветува. 

Back To Top