Почитувани љубители на мотоциклистичката култура,

Со особена чест Ве покануваме да бидете дел од првата манифестација CRUISE CULT – The Art of the motorcycle 2022, која ќе се оддржи во сабота 25.06.2022 год., во период од 12.00 ч. – 17.00 ч. во Парк на Франкофонија - Скопје.

Идејата на оваа манифестација е да ја популаризираме мотоциклистичката култура, како и да се претстави влијанието на мотoциклите врз културниот живот на луѓето во Македонија и регионот. 

Главен акцент на оваа манифестација ќе биде спојувањето на уметноста и мото-културата односно на широката публика сакаме да и ја претставиме уметноста искажана преку мотоциклите и нивната индивидуална нота вметната од самите сопственици. 

received 978628109492793 copy copy

Програмата на манифестацијата за 25 Јуни 2022 г. ќе содржи Изложбен и Перформативен дел и дел со музички настапи на блуз и рок бендови.

12.00 ч. – 17.00 ч.

Изложба на најдобри примероци на мотоцикли од класите (chopper, customized, cruiser, bobber, trucker, café racer, rat bike, apocalypse, rare, classic.)

Изложба на фотографии, Мобилна/Монтажна галерија

13.00 ч. – 15.00 ч. Перформанси: Airbrush and pinstripe – изработка на уметнички дела односно цртежи на самите мотоцикли со помош на воздушен пиштол и посебни четки. 

13.00 ч. – 17.00 ч. Музички дел: Live Blues and Rock session 

Манифестацијата е поддржана од Министерство за култура на РМ, Општина Центар и Центар за современи уметности - Скопје.

Back To Top