thumb_Dunlop_Sportmax_Q2Макпетрол започна со увоз на гуми за мотори од добро познатиот производител Данлоп. Во салонот на Хонда веќе се изложени првите примероци кои пристигнаа во земјава, а останатата количина се очекува да пристигне за 10-на дена.

Dunlop_Sportmax_Q2Макпетрол започна со увоз на гуми за мотори од добро познатиот производител Данлоп. Во салонот на Хонда веќе се изложени првите примероци кои пристигнаа во земјава, а останатата количина се очекува да пристигне за 10-на дена.

Од она што можевме да го видиме, цените се навистина конкурентни во однос на другите производители и сигурно дека ќе привлечат многу муштерии заради односот цена/перформанси. Во салонот ќе можете да најдете гуми за скутери и секаков вид на мотори, а во очекување на целосниот ценовник, можеме само да ви кажеме дека цените се едни од најниските во однос на другите дистрибутери на Данлоп во регионот.

Посетете го салонот на Хонда каде ќе можете да се информирате или да нарачате гума со специфични димензии, а како што велат дечките од Макпетрол, ќе ви бидат доставени за една недела.

Back To Top