Дијана Недева е третата финалистка на изборот за Летна Мото Убавица '08. Во тесна и неизвесна трка до самиот крај, Дијана се избори за првото место кое и обезбеди учество во финалето во кое заедно со уште четири девојки ќе се натпреварува во изборот за Летна Мото Убавица, избор за убавица кој е прв од ваков карактер во нашата земја.

Дијана е родена на 25.10.1991 година, во Велес, во Хороскоп е Скорпија, а во студиото Црнокрак е веќе 4-5 месеци. Таа во моментот е без момче, сака брзи и искрени луѓе, а не сака лицемерие. Дијана вози скутер, Aprillia, но сепак не е типичен "моторџија", значи не сака тетоважи, а и со пивото не се дружи многу. 

Дијана беше фотографирана во салонот на MKD StreetFighterz, кој се наоѓа на ул. Водњанска бр.60 лок.11, а пред објективот на Димитар Апостолов се појави во модели на модната куќа Кара.  

 {gallery}dijananedeva{/gallery}

Back To Top