На почетокот од сезоната Македонија беше домаќин на третата меѓународна-регионална ИПА мотоциклистичка средба на која присуствуваат активни полициски службеници и полициски ветерани од шест земји од регионот.

Повеќе од 130 моторциклисти од Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и Словенија беа дел од третата меѓународна ИПА мотоциклистичка средба.

Идејата за организирање на ваков настан потекнува од Словенија, земја во која се одржала првата ваква средба во регионот. Целта на ваквите мото - средби е подобрување на соработката меѓу полицијата од регионот и Европа.

IMGP2743

Дел од програмата на ИПА средбите е и подигнување на свеста на граѓаните да користат соодветна опрема при управување на мотоциклите, со цел поголема безбедност во сообраќајот.

Мото средбата во Македонија траеше три дена. Рутата на движење беше од Скопје – Прилеп – Крушево – Охрид – Струга – Дебар и назад во Скопје. Полицајците кои се во служба со своите мотоцикли, но и оние кои возат во приватниот живот беа дел од прекрасната тродневна дружба која не остави никого рамнодушен. 

Полицајците од регионот беа презадоволни од убавините на нашата земја, а домаќините се покажаа во вистинско светло.

Back To Top