Увозникот на Хонда за Македонија, Макпетрол, во својот продажен салон објави голем попуст на моделите Honda GoldWing и Honda VFR1300.

Новиот GoldWing кој е покомпактен, полесен и технолошки понапреден може да се погледне во салонот на бул. Илинденска, веднаш после салата Борис Трајковски.

Редовната цена на моделот е 32.990 евра, а за време на попустот може да биде ваш за само 27.990 евра.

 DSC2775

Моделот Honda VFR1200X пак e наменет за лица кои знаат дека авантура не значи само некое место кое ќе го посетите туку патот до таму. Ова е одлична машина со која можете да го истражите светот околу вас, а притоа да ви биде удобно и да го направите тоа со стил. Спортски, атлетски и елеантен како за возење низ град така и за на автопат.

Овој мотоцикл има и голем број на додатоци. Најважен е 1237cc V4 моторот со шест брзини. Плус имате и голем број на други работи кои можете да ги додадете и да го прилагодите мотоциклот според вашите потреби.

Цената на овој модел изнесува 15.690 евра, а за време на попустот можете да го купите за 13.690 евра.

 DSC2780

Back To Top