Домашни

Honda CB650F 2018 пристигна во Македонија

Сега откако CBR650F помина веќе одреден период на пазарот, Honda одлучи да му ги отстрани пластичните делови. Новиот модел има подолги рачки и веќе може да се најде во салонот на Макпетрол во Скопје.

Следете нè на:

 

Кога моделот на Honda, CBR650F, за прв пат пристигна во Македонија во 2014 година, негова цел беше да ја намали разликата на пазарот помеѓу моделот кој е добар за почетници, CBR500R и спортскиот CBR600RR. Сега откако CBR650F помина веќе одреден период на пазарот, Honda одлучи да му ги отстрани пластичните делови. Новиот модел има подолги рачки и веќе може да се најде во салонот на Макпетрол во Скопје.

20180507 110837

Технологијата

Морам да признаам дека компанијата во целост го погоди изгледот на CB650F. Агресивниот стил ме потсетува на постарите „Hornet“ модели додека пак прекрасните, елегантни, елементи кои се наоѓаат на десната страна на моторот многу потсетуваат на „Supersport 400“ од крајот на седумдесетите години. Рамката одлично го прикажува агрегатот кој брзо фаќа ритам откако ќе го притиснете копчето за старт.

Убавиот надворешен изглед секако е предност но она што е важно е што се наоѓа внатре во мотоциклот. CB650F дели поголем дел од технологијата со неговиот целосно опремен роднина, започнувајќи од 649cc, inline-four мотор кој има водено ладење. Воздушната кутија исто така е редизајнирана и сега ги нема каблите кои го попречуваа протокот на воздух. Промената од трофазен на двофазен придушувач овозможува малку поголема моќност како и поагресивен звук, барем така велат од Honda. Промена има направено и кога менувате од втора до петта брзина на шест брзинскиот менувач. Сега има пониски и поблиски степени на пренос и подобро забрзување.

20180507 110820

Мотоциклот се уште има twin-spar челична рамка но сепак новиот CB650F е многу повеќе од тоа што го прикажуваат моторот и рамката. Тој има неприлагодлива Showa вилушка опремена со нов „dual bending“ вентил. Задниот амортизер е ист како и претходно.

Новост кај моделот CB650F е правата, подолга рачка за возење која овозможува поисправена позиција на возење во споредба со CBR650F. Неговата тежина изнесува 205 килограми додека пак тежината на неговиот по спортски роднина е 210 килограми. И двата модели ги делат истите Nissin клипови на предните два ротори. И двата модели имаат идентична табла, а моделот CB650F за разлика од CBR650F нема ветробранско стакло.

Мотоциклот го возев низ различни терени. Пошироките рачки се малку непријатни за возење во споредба со оние кај CBR650F, но сепак ви даваат поголема контрола доколку возите некаде низ град. Таблата, иако е лесна за читање, сепак ви дава чувство како да гледате во некој евтин дигитален часовник и сметам дека и недостасува контраст.

20180507 110639

Навистина бев ипресиониран од повратните информации кои ги добивав од вилушката. Новата Showa Dual Bending вилушка го имитира чувството кое го даваат поскапите вилушки и ви обезбедува одлично чувство кога влегувате во побрзи свиоци. Сопирање е исто така позитивно благодарение на двојните предни ротори кои се надополнети со двојни клипови. ABS сопирачкте играат важна улога доколку треба нагло да го сопрете мотоциклот. Седиштето е навистина удобно доколку треба подолго да патувате. Возењето на правец со овој мотоцикл е навистина лесно. За ниту еден од овие два мотоцикли не би рекол дека се неудобни.

Возењето на автопат е една работа но мотоциклот навистина се разбуди кога почнав да возам низ свиоците. Доколку оддржувате повисок степен на вртежи, мотоциклот навистина ќе го покаже својот карактер . И покрај редизајнираниот издув, моторот сепак малку страда од синдромот „inline-four“ и е малку бавен се додека не дојдете на нивото меѓу 8000 и 12000 вртежи во минута. Дупките на патот воопшто не ги забележав но морам да признаам дека забележав малку побавна транзиција помеѓу два спротивни свиоци. После неколку часа возење воопшто не почувствував замор.

20180507 110829

Оцена

Honda создаде име преку тоа што креира издржливи мотоцикли и повеќе е насочена кој овој сегмент отколку кон чистата моќ. Доколку ви се допаѓаат вакви мотоцикли и сакате модели кои имаат четири цилиндри, а не ви треба нешто големо или брзо како што е CB1000R, тогаш имате среќа. CB650F е одлична платформа за возење како за низ град така и на патишта исполнети со свиоци.

CB650F е за речси триесет килограми потежок од моделот на Yamaha, FZ-07 и е речиси идентичен со Kawasaki Ninja 650. Има еден цилиндар повеќе од Yamaha FZ-09 но од друга страна пак има помала моќност. Со цена од 8.290 евра, јас лично би избрал Honda бидејќи има малку поголема моќност и е поудобен доколку патувате на подолги релации.

Според мене, CB650F и CBR650F се одлични модели за оние кои малку подоцна стануваат дел од светот на мотоциклите и не се премногу заинтересирани за кој е најбрз или пак кој има најдобри компоненти на суспензијата. Малку е поголем од другите мотоцикли за почетници но е многу лесен за возење. Доколку се решите да возите некаде во природа, тогаш CB650F и CBR650F се одличен избор само немојте да очекувате дека ќе можете да се рамните со некој 600cc спортски мотоцикл.

Би можело да ве интересира

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.