Домашни

Хуманитарен настан во Ѓорче Петров во чест на Марија Михајловска

Голем хуманитарен настан со поддршка од општина Ѓорче Петров во чест на прерано починатата жителка на оваа општина, Марија Михајловска ќе биде организиран денеска во реонскиот парк.

Следете нè на:

 

Целокупната програма стартува од 12 часот напладне со крводарителска акција во Центарот за култура во Ѓорче Петров, а продолжува вечерта од 19 часот и 30 минути со музички перформанс на повеќе изведувачи. Средствата собрани од пијалоците вечерта ќе бидат донирани за Симона Николова од Скопје која боледува од Фридрикова атаксија.

37080573 10216386247391708 1275572284383297536 o

Настанот се одржува во спомен и чест за нејзиниот 30-ти роденден. Марија Михајловска беше личност која многу го сакаше животот кој и покрај сите препреки го живееше на единствен и препознатлив динамичен и позитивен начин. Беше инспирација и пример за успех и храброст што останува да се шири како енергија околу сите нас. Токму таа енергија сакаме да ја доближиме до сите вас и да споделиме љубов и човечност во нејзина чест со овој настан. 

Поради нејзината огромна љубов кон моторите и мото светот, ќе се одржи хуманитарно мото дефиле и забава, на која сте сите поканети со добра свирка и дружба со мото светот. Настанот почнува во 19:00 со почесно мото дефиле на потег од ул.„Арсениј Јовков“ - Ѓорче Петров до Соборниот Храм „Св. Климент Охридски“ и ќе заврши во паркот во Ѓорче Петров каде ќе продолжи и одржи забавата и хуманитарниот настан. Во склоп на настанот ќе имате можност да ја покажете својата хуманост на дело и преку донации на храна, напитоци, облека, чевли, хигиенски средства за најзагрозената категорија на лица-бездомниците и социјално загрозени семејства на кои им е најпотребно. Секоја донација е добродојдена и значајна. Почни од себе. 

Настанот се одржува во покровителство на:
Општина Ѓорче Петров, Кожувчанка, next print digital ®

Водител на настанот:
Tina Mickovska

*Собраните средства од настанот ке бидат донирани Simona Nikolova , која боледува од Фридрикова атаксија.

Помагачи на настанот:
Црвен крст Карпош

Во име на настанот се оддржува и крводарителска акција, со почеток 11:30 - 15:30 во Домот на култура Ѓорче Петров - старото кино.

 

Би можело да ве интересира

Неделата воопшто не изгледаше како ден на кој ќе се постави нов рекорд во Мото3 класата. Дождот предупредуваше да не се преземаат ризици и да се биде внимателен. Но Чан Онку се погрижи да се случи токму спротивното.

Последната трка од шампионатот ја одбележаа многуте падови, победата на Довициозо и подиумот на Алекс Ринс, а она што беше нај впечатливо беше успехот на Пол Еспергаро кој го донесе КТМ на третата позиција.

GRT Yamaha официјално потврди дека ќе му се приклучи на FIM Светскиот Супербајк шампионат во 2019 година, а Марко Меландри и Сандро Кортезе ќе бидат возачи на екипата.

Џонатан Реа уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите возачи откако постигна најбрзо време на првиот зимски тест кој се оддржа на патеката во Арагон. Пробувајќи го за прв пат  ZX-10RR опремен со новите спецификации, Реа беше за 1.5 секунди побрз од останатите возачи.

Три кратниот светскиот шампион беше именуван за член на MotoGP™ Legend а Шпанецот исто така за време на последната трка од сезоната која се вози во Валенсија ќе биде вклучен и во куќата на славните. Педроса, во 2003 година ја освои титулата во категоријата од 125cc а во 2004 и 2005 година титулата во 250cc. Тој е еден од најуспешните возачи во премиерната класа.

„ Ducati потврди дека нема да биде продолжена соработката со поранешниот MotoGP шампион“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.