Снимањето се одвиваше во новиот салон на Леопард во населбата Аеродром, каде петте девојки од модното студио Црнокрак позираа на моделите на CF МОТО 500A (quad), CF V5, CF V3, CF E-CHARM, и на Sachs MadAss. Манекенките беа облечени во облека од модната куќа Кара, но и во мото опрема исто како и на првото снимање.

Снимањето се одвиваше во новиот салон на Леопард во населбата Аеродром, каде петте девојки од модното студио Црнокрак позираа на моделите на CF МОТО 500A (quad), CF V5, CF V3, CF E-CHARM, и на Sachs MadAss. Манекенките беа облечени во облека од модната куќа Кара, но и во мото опрема исто како и на првото снимање.

Пред објективот на Димитар Апостолов се појавија Александра Боцевска, Богдановска Христина, Тушевска Мила, Станојкова Кристина и Георгиевска Габриела.

 

Александра Боцевска е родена на 20.10.1990, во хороскоп е Вага, а најчесто може да се сретне на Кеј или во Чао. Александра нема самата возено мотор но би сакала да научи, важно е дека се има многупати возено и дека сака брзо возење. На одмор летово ќе оди во Валона, во Албанија, а доколку би можела, би отишла на пуст остров - сама. На прашањето дали има дечко, Александра насмеано одговори - Не откривам. Во модното студио Црнокрак е неполна година, а позираше на CF MOTO 500A (quad)

 

Богдановска Христина е родена на 25.11.1989, а во хороскоп е Стрелец. Бидејќи е од Куманово, таму и излегува па може да се забележи во Linka, Tunel, Studio 56. На одмор ќе оди во Охрид, но кога би можела би заминала на Карибите. Христина обожава да се вози на мотор, сака брзо возење и сака да научи да вози самата. Таа сака искрени луѓе, а за себе открива и дека во моментот не е во врска. Во модното стуио Црнокрак е од Април годинава, а позираше на CF V3 250T-3

{gallery}bogdanovskahristina{/gallery}

 

Кристина Станојкова е третата девојка која ја фотографиравме. Родена е на 03.08.1990, а во хороскоп е Лав. Кристина исто така е од Куманово, па најчесто може да се забележи во Linka и Club. За разлика од останатите, Кристина има возено скутер, а открива и дека сака брзо возење. На одмор ќе оди во Охрид, а кога би можела без размислување би заминала за Шпанија. Освен манекенството, таа професионално се бави и со латино и стандардни танци. Сака опуштени, дружељубиви и комуникативни луѓе, а во моментот го бара вистинското момче за неа. Во црнокрак е повеќе од 5 месеци, а пред нашиот објектив се појави на Sachs MadAss.

{gallery}kristinastanojkova{/gallery} 

 

Тушевска Мила е родена на 01.11.1989 и во хороскоп е Шкорпија. Излегува во Linka, Club и Tunel, и како и претходните две девојки, и таа доаѓа од Куманово. Мила сака искрени и разбирливи луѓе, а мрази лажење и дволичност. Не ни откри дали има дечко, но затоа пак изјави дека обожава брзо возење. Мила во модното студио Црнокрак е 4-5 месеци, а ни позираше со CF V3 250T-3.

{gallery}tusevskamila{/gallery} 

 

Георгиевска Габриела е последната девојка која ја фотографиравме. Родена е на 05.05.1990, и во хороскоп е Бик. Нема постојано место каде што излегува но може да се забележи низ кафулињата на Кеј. Габриела се возела повеќепати на мотор, но брзото возење воопшто не ја воодушевува. Сака опуштени и дружељубиви луѓе, и не сака оговарање. Во модното студио Црнокрак е скоро една година.

{gallery}georgievskagabriela{/gallery} 

 

ГЛАСАЈТЕ ОВДЕ


Снимањето беше овозможено благодарение на:

Леопард

Модно студио - Црнокрак

Модна куќа - Кара 

 

Back To Top