steelwingsmc-2012-5Втората мото забава во организација на мото клубот Steelwings MC се одржа во нивниот клаб хаус во Тетово. Минатата година кога за прв пат не поканија во нивното „собиралиште“ и не известија дека се наоѓа во подрум од зграда бевме помалку скептични..

steelwingsmc-2012-5

Втората мото забава во организација на мото клубот Steelwings MC се одржа во нивниот клаб хаус во Тетово. Минатата година кога за прв пат не поканија во нивното „собиралиште“ и не известија дека се наоѓа во подрум од зграда бевме помалку скептични се додека не пристигнавм на местото. „Подрумот“ е уреден прекрасно, а местото е идеално за мото забави. Доволно простор да ги собере луѓето од сите мото клубови, па дури и оние кои сакаат со својот љубимец на две тркала да влезат внатре! Имајќи ја во предвид минатогодишната забава, со нетрпение го очекувавме 5-ти мај, второто продолжение на Steelwings MC Spring Party.

steelwingsmc-2012-12

Гостите од повеќе клубови и градови започнаа да пристигнуваат по 20.30 и покрај тоа што забавата беше закажана за во 19.00. Оние кои за прв пат доаѓаа во нивниот локал имаа проблем со пронаоѓање на местото што е наша замерка до организаторот. Поставување на 2-3 деца низ Тетово кои ќе ги насочуваат моторџиите кон нивниот клаб хаус е задолжителна работа за следниот собир. Сепак домаќините како и секојпат се покажаа во одлично светло, срдечно пречекувајќи ги сите гости.

steelwingsmc-2012-25

На забавата беа забележани гости од следните клубови: Мото Скопје, Шарпланинци - Тетово, Мечки – Куманово, POTFAT MC, Lone Knights MC, Ноќни Волци, Којоти, а од странските клубови пристурни беа претставници на: Red Devils MC, Street Eagles MC, Hells Angels MC, Real Bikers MC и Lowlanders MC.

Самата забава помина во одлична атмосфера, бендот иако младолик приреди вистинско изненадување со настапот, а цреша на шлагот беа двете танчерки од Србија кои ја доведоа атмосферата до точка на вриење.

steelwingsmc-2012-39

Во моментите кога сите беа замаени од атмосферата, единствено келнерите беа трезвини и на неколку гости им наплаќаа од ракав, па така ако на почетокот пивото беше 60 денари, на моменти достигнуваше цена од 80 денари :)

Забавата траеше до раните утрински часови, а задоволните гости си заминаа со надеж дека нема да треба да чекаат уште цела една година за повторно да дојдат во клаб хаусот на Steelwings MC.

steelwingsmc-2012-95

За целата галерија од настанот кликнете овде.

Горан Нечев - Докторот

Back To Top