Правиме ретроспектива на сите мото настани кои се случија оваа година, вклучувајќи ги мото собирите, журки, хуманите акции како и трките кои се возеа кај нас.

mak-moto-scena-2013

Правиме ретроспектива на сите мото настани кои се случија оваа година, вклучувајќи ги мото собирите, журки, хуманите акции како и трките кои се возеа кај нас.

ЈАНУАРИ

01. Јануари - Отворање на мото сезона
Традиционален собир на плоштадот Македонија во Скопје каде симболично се одбележува стартот на новата сезона

ФЕВРУАРИ

09. Февруари - Lone Knights MC, winter party 2013
Првата мото журка во сезоната, зимска забава на Lone Knights MC во барот Салун во Скопје

МАРТ

23. Март - Роденден на МК Ноќни Волци
Роденденската забава на МК Ноќни Волци се одржа во кафулето Ван Гог во Скопје

31. Март - MX Grand Prix Macedonia 2013
Трка од Источно Европското првенство во мотокрсо која се возеше на патеката Милци крај Гевгелија.

АПРИЛ

27. Април - Седми меморијален круг во чест на Илче Бимбо
Мото клубот Мото Охрид по седми пат возеа низ Македонија во чест на Илче Бимбо

МАЈ

11. Мај - Moto Beach Party 4
Мото клубот „Cross Bearers“ од Велес по четврти пат ја организираше популарната забава на брегот на езерото Младост.

ЈУНИ

01. Јуни - Мото Тура Битола 2013
Мото клубот Конзули од Битола ја организираше Мото Тура Битола 2013

14-15. Јуни - 9-ти Мото Фестивал
Мото клубот Ноќни Волци во Кавадарци го организираше 9-от мото фестивал

16. Јуни - Мотокрос трка Порој 2013
На патеката Порој крај Тетово се возеше втората трка од мотокрос шампионатот на Македонија, во организација на мото клубот Шари мотокрос од Тетово.

21-22. Јуни - POTFAT MC 15th anniversary (Ден 1, Ден 2)
15 години постоење на мото клубот POTFAT MC беше прославено во Дојран, на Alex beach каде клубот се одлучи за забава од затворен тип

23. Јуни - Мотокрос трка Смолево
МК Мотостарс на патеката Смолево крај Битола го организираше третиот натпревар од шампионатот на Македонија во мотокрос

28-29-30. Јуни - Chopper Club Ohrid Run 2013
Настан од затворен карактер, само за членовите и поддржувачите на „Chopper Club“.

ЈУЛИ

27-28. Јули - Ендуро шампионат 2013
Во месноста Куратица во Охрид мото клубот К'ј Антенине ги организираше првите две трки од ендуро шампионатот во Македонија

28. Јули - Почесно возење во чест на Али Томе
Мото клубот Којоти организираше возење во чест на нивниот член Али Томе, познат како Томе Охохо, чиј живот прерано згасна.

АВГУСТ

09. Август - Момријално возење „Димо Топал“
Мото Клубот Мото Охрид по четврти пат го возеше меморијалот Димо Топал

13. Август - Moto Party Struga 2013
Мото Струга на плажата „Aqua Blue“ во Струга по повод 5 години од формирањето на мото клубот организираше „Moto Party Struga 2013“.

16-18. Август - Мото собир МК Ретки Птици
Мото клубот Ретки Птици од Гевгелија и оваа година се покажа како добар домаќин на традиционалниот мото собир во Гевгелија

24. Август - Роденден на МК Рисови
Мото клубот Рисови од Прилеп го прослави четвртиот роденден

31. Август - Мото собир на „Dardanians MC“
Мото клубот Дарданианс го организираше првиот мото собир во Старата Чаршија во Скопје.

СЕПТЕМВРИ

07-09. Септември - 22-ро Мото Рели Македонија (Ден 1, Ден 2, Ден 3)
Од 7 до 9-ти септември се одржа 22-то мото рели Македонија - Независност

14. Септември - Мото журка на МК Мечки
Мото клубот Мечки од Куманово уште еднаш се покажа во одлично светло, овојпат како домаќини на својата мото журка

13-15. Септември - Прв роденден на МК „Tikves Riders“
Со рок забава во дискотеката Александрија мото клубот „Тиквеш Рајдерс“ од Кавадарци го прослави првиот роденден

21. Септември - 6 години Мотори.ком.мк
Шестиот роденден на мотори.ком.мк беше прославен во „Road House“

ОКТОМВРИ

06. Октомври - Мотокрос трка Орман
Мото клубот Вардар од Скопје ја организираше четвртата трка од мотокрос шампионатот на Македонија.

20. Октомври - Мотокрос трка Братиндол 2013
„LTD sports“ од Битола организираше одлична мотокрос трка на патеката Братиндол во Битола.

26-27. Октомври - Ендуро „Голема награда на Скопје 2013“
Одржан последниот натпревар од Шампионатот на Македонија во ендуро за сезоната 2013.

НОЕМВРИ

10. Ноември - Трета моторџиска крводарителна акција
Трета успешна крводарителна акција во организација на Guardian Angels MC

10. Ноември - Роденден на Guardian Angels MC - Macedonia
Mото клубот Guardian Angels MC - Macedonia со забава во кафулето Круг во ТЦ Бисер прослави 5 години постоење

10. Ноември - „Enduromaniacs 2013“
Мото клубот Мото Велес ја организираше првата ендуро трка од овој вид кај нас.

17. Ноември - Прва мотокрос трка во Прилеп
На патеката Лагово беше организирана првата промотивна мотокрос трка. Одличната стаза се избори за организација на трка од Источно Европското првенство во 2014 година.

ДЕКЕМВРИ

07. Декември - Зимска забава на POTFAT MC
Струмичкиот огранок на POTFAT MC ја организираше првата зимска забава

26. Декември - Дедо Мраз на мотор
- Шеста година по ред, успешна организација на акцијата од страна на МК Мечки од Куманово

2013 беше исполнета со настани кои беа одлични, но и настани кои беа организирани во од, запомнете дека понекогаш е подобро некој собир или трка да не се организира отколку да се направи набрзина. Настаните не се закажуваат 3 дена пред одржувањето, барем не доколку сакате да имате посетители и настанот да остане запомнет. 

Да се надеваме дека 2014 ќе биде исполнета со квалитетни мото собири, на кои ќе има повеќе дружење и убави моменти. Да се надеваме и дека ќе следиме мотокрос и ендуро трки со повеќе учесници и дека конечно ќе видиме некоја трка во шампионатите од брзински мотоциклизам и скутери.

Моторџии, Среќна Нова година!

Back To Top