Мотоциклистичката Федерација на Македонија вечерва ги прогласи најдобрите мотоциклисти за 2015 година.

На свеченоста која вечерва се одржа во хотелот Александар Палас во Скопје, Мотоциклистичката Федерација на Македонија ги прогласи најдобрите мотоциклисти за 2015 година.

Федерацијата оваа година навремено ги заврши подготовките и најдобрите мотоциклисти ги добија признанијата согласно со предвидениот план. На свечениот настан претседателот на МФМ, г-н. Зоран Наумовски-Кизо им се заблагодари на присутните за поддршката и им ги честиташе признанијата на спортистите.

mfm proglasuvanje 2015 26 9

МФМ ги награди најдобрите поединци во мотокрос шампионатот, како единствена дисциплина која се возеше во 2015 на нашите патеки. Признанија добија возачите во класите МХ85, МХ3, МХ2 и МХ1. Следуваа признанија за клубовите, а не беа заборавени ниту спонзорите кои ја помогнаа работата на Федерацијата оваа година.

Шампионатот на Македонија во мотокрос за 2015 година се одржа на патеките Орман крај Скопје и  Братиндол крај Битола.

Кај најмладите во класата МХ85 најуспешни беа

МЕСТО НАТПРЕВАРУВАЧ МОТО КЛУБ
3 Албан Елези МК Вардар
2 Миодраг Станојевиќ АМК Пуста Река - Србија
1 Самир Бишевац МК Мото Велес

И во класата МХ2 на подиумот исто така ќе видиме тројца млади натпреварувачи

МЕСТО НАТПРЕВАРУВАЧ МОТО КЛУБ
3 Васко Киров МК Ноќни волци
2 Младен Станојевиќ АМК Пуста Река – Србија
1 Христиан Станковиќ МК Мотостарс

Во најсилната класа МХ1 најдобри беа

МЕСТО НАТПРЕВАРУВАЧ МОТО КЛУБ
3 Драган Ванов МК Мото Велес
2 Гоце Томовски МК Гого
1 Христиан Илиоски МК Пелистер

Во класата МХ3 заслужено признанијата ги освоија клупските колеги од МК Ноќни волци

МЕСТО НАТПРЕВАРУВАЧ МОТО КЛУБ
3 Јован Стојков МК Ноќни волци
2 Борис Мојсов МК Ноќни волци
1 Борче Костов МК Ноќни волци

Кај клубовите најмногу поени освоија

МЕСТО МОТО КЛУБ ГРАД
3 МК Мотостарс Битола
2 МК Мото Велес Велес
1 МК Ноќни волци Скопје

mfm proglasuvanje 2015 26 18

Во делот од туринг, МФМ беше организатор на јубилејното традиционално „23-тото и 24-тото Мото рели Македонија – Независност“ на кои учествуваат вкупно преку 700 мотоциклисти од десеттина држави, а репрезентацијата на Македонија успешно се претстави и на 69-тото ФИМ рели во Финска и јубилејното 70-тото ФИМ рели во Франција.

Како што напоменавме преставниците на МФМ редовно учествуваат на ФИМ релијата, а годинава наградени беа:

  1. Ѓорги Несторов – Зрно за 35 учества како возач;
  2. Димитар Вегов за 15 учества како возач;
  3. Убавка Вегова за 15 учества како совозач; и
  4. Костадин Несторов за 5 учества како совозач, кој е воедно и најмлад добитник во светски рамки на ова признание.

Во изминатите две години еден наш натпреварувач го освои најпрестижното признание златна кацига! Христиан Станковиќ беше најдобар во Шампионатот во Мотокрос на Македонија три години по ред и ги освои титулите во 2012, 2013 и 2014 година.

Нај голем аплауз и поддршка од публиката имаше при доделувањето на постхумните признанија за легендите на мото спортот Васил Николовски и Тони Гулевски – Бабуш.

Она што е од големо значење не само за мотоциклизмот, туку и за Македонија која вложува во спортот и го поттикнува спортскиот дух, уште еднаш да потенцираме дека за прв пат на национално ниво се организираше хуманитарното рели „24-то мото рели Македонија-независност 2015“. По тој повод Црвениот Крст додели признанијата на компаниите кои го помогнаа хуманитарното рели и кои ја разбираат големината и значењето на одржување на еден ваков настан.

Честитки за навремената организација на настанот од страна на МФМ, се надеваме дека ќе продолжат со ова темпо и наскоро ќе ги добиеме календарите за трките следната сезона, како и организација на повеќе настани со кои ќе се промовира мото спортот во земјава.

Back To Top