Мото маскенбалот кој го организиравме во соработка со АРТ Картинг Центарот во Скопје им донесе награди на тројцата најбрзи возачи кои беа маскирани.

IMGP3510

Мото маскенбалот кој го организиравме во соработка со АРТ Картинг Центарот во Скопје им донесе награди на тројцата најбрзи возачи кои беа маскирани.

Иако звучи како виц, наградите на маскенбалот ги собраа Бандитот, Попот и Бетмен.

Маскираните моторџии кои по 20 часот пристигнаа во АРТ Картин Центарот свртеа кругче низ центарот на градот, а по кусата пауза на плоштадот Македонија се вратија назад во GP Cafe каде се возеа картинг трките.

По две извозени трки ги добивме тројцата најбрзи натпреварувачи, кои потоа возеа ист картинг на кој му беше мерено времето по што беа одлучени победниците.

Лука Лукановски (маскиран во бандит) имаше најдобро време и доби 4 литри моторно масло, второпласираниот Дамјан Карловски (маскиран во поп) доби 2 литри масло, а Перо Јордановски (Бетмен) си доби спреј за ланец.

Во продолжение и мала галерија од вчерашните случувања:

Back To Top