Компанијата Мото-Пром од Гевгелија од неодамна е нов овластен дилер на брендот Кавасаки за Македонија.

Продажниот салон на Мото-Пром во Гевгелија наскоро ги очекува првите модели на Каваски мотоциклите за 2020 кои ќе бидат изложени. Новиот дилер најавува активна кампања со цел подигнување на брендот на нашата територија согласно неговиот статус во светски рамки. Од Мото-Пром најавуваат обезбеден сервис и резервни делови како и постојана грижа за корисниците.

Ние ги очекуваме и цените за моделите од 2020 кои бидат објавени на сајтов, а во меѓувреме повеќе информации можете да добиете на нивниот веб сајт, фејсбук страна, инстаграм профил и на контакт телефоните 034/212-688 или 070/218-688.

kawasaki Z H2

За компанијата:

„Мото-Пром“  ДООЕЛ е семејна компанија основана во 1990 година, и е една од првите приватни компании кои се занимаваат со продажба на авто делови и сервис во Република Македонија.

Со развојот на компанијата и зголемениот обем на работа, во 1997 година се проширивме со уште еден продажен салон за авто делови во центарот на Гевгелија.

По повод 15 години од постоењето на „Мото-Пром“ во 2005 година го имаме свеченото отварање на новиот ултра модерен продажно-сервисен центар, каде што се наоѓаме и денес.

По повод 22 години од основањето на Мото-Пром, во 2012 година станавме официјални партнери на Форд за Гевгелија и околните општини.

Во 2014 год. ја добивме франшизата за ВУЛКО, кој е меѓународен ланец на брзи сервиси за гуми во сопственост на Good Year.

Со огромното искуство стекнато од 1990 година и професионалниот тим вработени, денес со гордост можеме да се пофалиме со огромен број задоволни клиенти од повеќе земји во регионот.

Нашата најнова приказна по повод 30 години постоење е овластеното дилерство за популарниот мото бренд Кавасаки. Искуството кое го имаме со мотоциклите ни наложува да се обидеме да го подигнеме „Зелениот“ бренд на достојно ниво во Македонија.

Back To Top