Пристигнаа првите информации од МФМ за годинешното 29-то по ред мото рели Македонија - Независност 2020.

Годинешното рели ќе се вози во периодот од 4-ти до 6-ти септември на територијата на Република Македонија. Во очекување на комплетната информација и детални податоци за релито, ги споделуваме информациите до кои дојдовме, а содржинава ќе биде надополнета наскоро.

29-то мото рели Македонија - Независност ќе започне во 10 часот во Скопје на Плоштад Македонија на 4-ти септември 2020 година.

Ќе има мала промена во рутата во однос на патиштата по кои ќе се вози, но местата за одмор (Дојран и Охрид) остануваат исти.

Котизацијата за учесниците ќе изнесува 800 денари за возач и 600 за совозач.

Ќе бидат спроведени мерки за заштита од Корона вирусот за кои дополнително ќе ве известиме, а бројот на учесници на релито е ограничен на 250. Пријавувањето ќе започне на 20-ти август и ќе трае до 1-ви септември, оние кои нема да се пријават во овој рок нема да можат да учествуваат на релито.

Во продолжение и пријавите за релито:

Групна пријава

Единечна пријава

Рута за годинешното рели:

Ден 1: Скопје, Штип, Кочани (пауза за доручек и кафе - 1 час), Кочани, Македонска Каменица, Берово, Струмица (пауза 1 час), ноќевање во камп Партизан во Дојран, од 20 часот.

Ден 2: Поаѓање од Дојран во 10.30, Гевгелија, Неготино, Кавадарци (пауза - 1 час), Прилеп, Битола (пауза), Ресен и пристигање во Охрид. Вечерата во Бонанца и поделба на признанија од 20 часот.

Ден 3. Поаѓање од Охрид во 13.00 часот, Кичево (пауза), Стража, Тетово, Скопје.

Во пакетот ќе следуваат и заштитни маски, организаторите замолуваат за држење на дистанца и спроведување на мерките за заштита од Ковид 19.

Back To Top