Од мото сервисот Пешич во месец јули најавуваат бесплатен сервис за сите дами кои возат.
За прв пат во Македонија еден мото сервис ги таргетира дамите кои возат мотоцикли, мото сервисот „Пешич“ во јули најави акција за бесплатен сервис за сите моторџики.
Познатиот Пешич најави дека сите моторџики во текот на месец јули ќе можат да направат бесплатен сервис за своите љубимци на две тркала.
Акцијата се однесува на цената на чинење на работната рака, односно дамите кои возат мотори ќе можат да направат сервис без да платат за услугата, а потрошните материјали (масло, филтри...) ќе можат да ги набават со голем попуст.
Акцијата започнува од понеделник и е во соработка со Скај Мото од Скопје од каде ќе биде обезбеден попустот за потрошните материјали, а за закажување на термин кај „Пешич“ обратете се на телефонскиот број 070/523-532