motori ramstor07Вистинска драма се одвивала рано утрово на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин кај трговскиот центар Рамстор кога моторџија прво удрил во осумдесет и шестгодишен скопјанец, а потоа се степал со минувачи кои го прекориле дека треба повеќе да внимава. 

ramstor07

Вистинска драма се одвивала рано утрово на улицата Мито Хаџивасилев Јасмин кај трговскиот центар Рамстор кога моторџија прво удрил во осумдесет и шестгодишен скопјанец, а потоа се степал со минувачи кои го прекориле дека треба повеќе да внимава. 

Според инфорамциите од полицијата,  утрово околу 7,35 часот скопјанецот И.Л. (34) возејќи мотор додека ја преминувал улицата удрил во Н.А. (86) туркајќи го на земја. 

Две млади момчиња, Б.Ф. (18) и А.Г. (17), кои се нашле во близина притрчале да му помогнат на старецот, при тоа забележувајќи му на моторџијата за неговата невнимателност. 

Нервозниот И.Л., иако виновен се впуштил во расправија со тинејџерите, притоа со кацигата го турнал осумнаесетгодишникот. Неговиот пријател во одбрана зел метла од чистачите на улиците и со неа го нападнал И.Л. удирајќи го во главата. 

Кратко потоа на местото пристигнала и полицијата. И половина час по моторџијата со кацигата в раце и крвава глава можеше да се види на паркингот пред Рамстор како се објаснува со полицајците, а голема група од сведоци ја чекаше разврската. 

Од полицијата информираат дека осумдесет и шестгодишниот скопјанец во целиот случај минал со лесни повреди, но поради претпразливост бил пратен на преглед во Ургентниот центар.

Извор: „НетПрес

Back To Top