Малиот Мехмед ја доби својата желба, доби мотор, кацига и јакна, се дружеше со моторџиите, иако на почетокот помалку и исплашен од неочекуваната атмосфера, сепак на крајот со смеење ни кажа: „Мојот мотор е најубав!“

Малиот Мехмед ја доби својата желба, доби мотор, кацига и јакна, се дружеше со моторџиите, иако на почетокот помалку и исплашен од неочекуваната атмосфера, сепак на крајот со смеење ни кажа: „Мојот мотор е најубав!“

Со кнедла во грлото, дојдовме да му ја исполниме желбата на малиот моторџија, а потоа, како што напиша и Ване: „Денес ќе бидете тажни, ќе бидете среќни за здравјето на најмилите, ќе ја сватите безначајноста на глупостите. И разорно е што без болка нема освестување :(“.

Мехмед

Посакувам Мехмед да има прилика да се смее на сликите од денешниот настан на кои тој се лути на се околу него, да има прилика да порасне во големо момче, да стане вистински моторџија. Затоа, ако има некој горе на небото, како и да се вика, нека ги послуша желбите на присутните денеска, нека ни ја исполни нам таа една желба.

Огромна благодарност до фондацијата Златна Рипка, до сите присутни, до сите мото клубови и поединци кои излегоа од работа, до сите оние на кои не им пречеше во работен ден да возат од Куманово до Скопје само за да му ја исполнат желбата на Мехмед. Благодарност до сите оние кои со своето присуство ја дадоа поддршката за Мехмед, благодарност до нашите соработници Мото Азуро и Динамикс кои без збор ни помогнаа да ја оствариме целта и секако благодарност до ГП Кафе за отстапениот простор и време.

Од тимот на мотори.ком.мк и од срце Ви благодарам.
Баже

Back To Top