Домашни

Најава: 7-ма Моторџиска Крводарителна Акција и 9-ти Роденден на GUARDIAN ANGELS MC

Да бидеме хумани и да бидеме дел од целодневната забава. 21-ви октомври (сабота): 7-ма крводарителна акција и 9-ти роденден на Guardian Angels MC Macedonia.

Следете нè на:

 

7-та моторџиска крводарителна акција во организација на мото клубот Guardian Angels MC Macedonia ќе се одржи на 21-ви октомври (сабота) со почеток од 9 часот. Акцијата како и до сега ќе се спроведе во дневниот центар Даре Џамбаз, а ќе трае до 15 часот.

Вечерта со почеток од 20 часот во Рокси Бар (Ул. Дрезденска бр.19) клубот ќе го прослави својот 9-ти роденден.

22490060 1479012185510208 6409130260200618281 n

За добрата забава ќе се погрижат дечките од "Live Wire" и клубот како добри домаќини, со пристојни цени на пијалоците ;)

Сите сте добредојдени !!!

 

Би можело да ве интересира

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Алваро Баутиста детално откри како во текот на зимата се прилагодува на мотоциклот на Ducati со кој во сезоната 2019 ќе се натпреварува во Светскиот Супербајк шампионат. Баутиста го имаше своето деби со Aruba.it Ducati во текот на дво-дневниот тест на патеката во Херез и за прв пат го испроба новиот Ducati V4 R Superbike.

Првите луѓе на Светскиот Супербајк шампионат ги потврдија драстичните промени на структурата на серијата кои ќе започнат од 2019 година.

Алекс Ринс, Јоан Мир и Силвиан Гинтоли го искористија последиот MotoGP тест за да го намалат бројот на нови елементи кои ќе бидат дел од GSX-RR со кој ќе настапуваат следната сезона.

„На Дани Педроса ќе му треба дополнителен простор за багаж на патот назад од Јапонија“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.