Мото клубот Носачи на Крстот (Cross Bearers) од Велес оваа сабота ќе биде организатор на третата по ред „Moto Beach Party“. Забавата ќе се одржи на 12-ти Мај со почеток во 14 часот на брегот на Езерото Младост во Велес.
Мото клубот Носачи на Крстот (Cross Bearers) од Велес оваа сабота ќе биде организатор на третата по ред „Moto Beach Party“. Забавата ќе се одржи на 12-ти Мај со почеток во 14 часот на брегот на Езерото Младост во Велес. Како што беше пракса и во изминатите две години, повторно ќе се вози и дефилето низ Велес кое примамува голем број на љубители на моторите, а годинава ќе започне во 18 часот.
Вечерта е резервирана за забава со повеќе рок бендови, добро познатите „Day Off“, „Cross Road Blues Band“ и „Blue Sky“ се најавени од организаторот, а како што ни е познато секоја година се случува и изненадување кога е во прашање музиката.
Забавата која веќе прерасна во традиција и годинава ќе го носи мотото „Носи кацига, биди безбеден“. Цената на влезницата како и до сега е 100 денари од мотор, а сите средства ќе бидат донирани на децата со посебни потреби.
За слики од претходните забави на Cross Bearers кликнете овде: