Мото клубот „Cross Bearers“ од Велес по четврти пат ќе ја организира популарната забава на брегот на езерото Младост.

472740 374323972672044 2057066466 o

Мото клубот „Cross Bearers“ од Велес по четврти пат ќе ја организира популарната забава на брегот на езерото Младост.

На веќе добро познатата локација кај хотелот Романтик, езерото Младост крај Велес, ќе се одржи четвртата по ред „Moto beach party“. Како што најавуваат организаторите, за оваа година се најавени легендарни имиња од македонската музичка сцена кои треба само да го зачинат настанот кој изминатите години важи за нај посетуван домашен мото собир.

Според програмата, во сабота вратите за посетителите ќе бидат отворени во 14.00 часот, а за во 18.00 часот е планирано традиционалното дефиле низ Велес.

Забавата ќе продолжи со Драган Б. Костиќ, Некст Тајм, а потоа и легендарните Леб и Сол, како и Давид Нешкоски Трио.

Најавени се и изненадувања за посетителита, временската прогноза за сега е добра (облачно време и температура од 25 степени), па на вам ви останува само да го резервирате датумот и во сабота да се упатите кон Велес каде не очекува одлична забава.

945848 374601865977588 367083394 n

 

Back To Top