Мото клубот Мечки од Куманово по деветти пат ќе ја организираат хуманата акција „Дедо Мраз на мотор“, на 23-ти декември 2016 со почеток од 11:30 часот.

Мото клубот Мечки од Куманово по деветти пат ќе ја организираат хуманата акција „Дедо Мраз на мотор“, на 23-ти декември 2016 со почеток од 11:30 часот.

На 23.12.2016 се собираме околу 11-11:30 пред „Caffe BRAVO“ потоа одиме на плоштадот и сме таму од 12:00 до 12:45, потоа заминуваме кон Дневниот центар за деца со посебни потреби (треба да сме таму во 13:00) да им поделиме пакетчиња и подароци.

Задолжителна опрема !!!
ДЕДО МРАЗ КАПА и ОДЛИЧНО РАСПОЛОЖЕНИЕ.

За галеријата од минатата година кликнете овде.

Имате доволно време да се подготвите, да си купите костим или капа од Дедо Мраз кои се продаваат за мала сума во скоро секоја продавница за играчки.

Како и до сега, независно од временските услови акцијата ќе се одржи. Пред новогодишните празници се одличен период барем на момент да им ја вратиме насмевката на овие дечиња. Оние кои до сега учествувале во акцијата ќе знаат за што пишуваме, па нека биде ова покана до сите моторџии да ја направиме нај-масовната акција до сега.

Back To Top