Овој 1-ви април Мотори.ком.мк во соработка со АРТ картинг центарот во Скопје организираат мото маскенбал.

moto-maskenbal

Овој 1-ви април Мотори.ком.мк во соработка со АРТ Картинг Центарот во Скопје организираат мото маскенбал.

Она што започна во 2008-ма како акција на членовите на форумот годинава ќе биде направено со поголема организација и награди за учесниците.

Имајќи во предвид дека во изминатите години само неколку мотори беа маскирани, оваа година во конкуренција ќе влезат и моторџиите со своите маски.

Местото на случување е АРТ Картинг Центарот лоциран на паркингот кај СЦ Борис Трајковски во Скопје со почеток од 20 часот, од каде традиционално ќе се сврти круг низ центарот на градот за потоа да се вратиме на „местото на злосторот“. 

Право на учество ќе имаат сите кои ќе дојдат со мотор, а притоа ќе бидат маскирани. Жирито (стручно нели) ќе одлучува за изгледот на маските, а дополнителни поени ќе се добиваат за секој маскиран мотор. Најдобрите 8 ќе добијат гратис возење на картинг (2 групи по 4 возачи) од кои потоа ќе се одбере оној со најбрза маска.

За најдобрата и најбрзата маска ќе следуваат пригодни подароци. Да го одбележиме денот на шегата како што доликува, маскирани и со мотори :)

Back To Top