Мото клубот Фантоми од Гевгелија ја организира првата мото забава на 8-ми март во кафе барот Центар во Гевгелија.

1932363 10201965843966297 1857984324 n

Мото клубот Фантоми од Гевгелија ја организира првата мото забава на 8-ми март во кафе барот Центар во Гевгелија.

Забавата ќе започне во 15 часот на пладне, кога со свирка ќе започнат Иван и Кико, а потоа од 20 часот забавата продолжува со „THE GANDHIES“.

Организаторите најавуваат одлична забава, со прикладни цени на јадењето и пиењето, а имајќи во предвид дека пиењето и возење мотор не одат заедно, овозможено е ноќевање за прифатлива цена. Во мотелот во Гевгелија можете да преноќите за цена од 300 денари по човек, а бројот за резервација е  077/753-526.

Иако се работи за нов мото клуб, неговите членови им се познати на сите моторџии на нашата мото сцена па ова е добра прилика да се видиме и дружиме на почетокот од новата сезона. Запомнете, сабота, 8-ми март, со почеток од 15 часот во кафулето Центар во Гевгелија. Се гледаме таму.

Back To Top