Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

Со цел да се подигне мото културата, да се насочи енергијата на младите возачи на вистинското место, а можеби и да се пронајде некој нов Роси од нашите простори во план е организација на слободен тренинг на патеката Серез во Грција.

IMGP0211

Патеката во Серез е професионална патека на која се одржуваат трки од Европскиот БМУ шампионат во кој се натпреваруваат нашите возачи Игор Спиров, Слободан Ивчески, Сашо Николов и Христијан Бузалковски. Се работи за патека со должина од 3186 метри составена од 16 свиоци од кои 9 се десни, а 7 леви.

На патеката може да се постави тенда или комбе, има приклучок за струја како и ВЦ, а со доплата може да се закупи и бокс кој има излез на самата патека. Цената за еден слободен тренинг изнесува 55 евра за време на викендите и 45 евра од понеделник до четврток. Закупот на бокс изнесува 50 евра од понеделник до четврток, преку викенд цената на боксовите е 200 евра.

Кога?

Идејата е да се организира тренинг идниот викенд (26-ти или 27-ми август), датумот сеуште не е дефиниран, ќе зависи од интересот и бројот на пријавените.

Кој може да дојде?

Може да дојде секој оној кој има желба да се повози на тркачка патека. За да возите на патеката се што е потребно е мотоцикл и целосна заштитна опрема. На патеката можат да излезат возачи кои имаат кацига, кожно одело (дозволено е и дводелно), чизми и ракавици.

Што добивам ако дојдам?

Искуство кое се памети цел живот, возењето на тркачката патека е различно од возењето по улица. Тука сте само вие и асвалтот, нема пешаци кои претрчуваат, таксисти кои сечат две ленти. Вистинско уживање во возењето. Одлична можност да го надградите знаењето и да се стекнете со самодоверба.

На патеката ќе биде присутен нашиот тркач Игор Спиров - Зизи, ќе имате прилика да добиете совети за тоа како да го подобрите возењето, како да го поставите телото, кои линии да ги следите, каде да давате гас, а каде да кочите. Професионалец кој ќе го сподели своето знаење со сите заинтересирани.

Колку ќе ме чини ова искуство?

Трошоците се индивидуални, а вклучуваат транспорт на мотоциклот со кој ќе возите, котизација за патеката и трошоци на самата патека. Мотоциклот можете да го однесете до патеката и со возење но не е препорачливо заради заморот и евентуални несакани оштетувања на моторот. Доколку го носите со приколка или комбе, од Скопје до Серез преку Дојран има 260км, додека пак преку Гевгелија па Солун има 310км но патот е подобар. Котизацијата на патеката се плаќа на самото место и изнесува 55 евра (за време на викенд). Понесете си пари и за јадење и пиење, на самата патека има ресторани со разумни цени, а има и маркети во близина.

Како да се пријавам?

Пишете ни име и презиме во коментар или пратете ни ги вашите информации на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Доколку имате било какво прашање ви стоиме на располагање.

Back To Top