Претстојниот викенд во Пробиштип не очекува возбудлив мото настан. Мото клубот „Black Eagles“ ќе го организира својот втор мото собир, а според агендата не очекува убав викенд за возење, дружење и уживање.

Претстојниот викенд во Пробиштип не очекува возбудлив мото настан. Мото клубот „Black Eagles“ ќе го организира својот втор мото собир, а според агендата не очекува убав викенд за возење, дружење и уживање.

На настанот ќе можеме повторно да го проследиме настапот на стантерот Радислав Михајлов, а сите оние кои се чувствуваат како подготвени ќе можат да си ги одмерат силите во спретно возење - гимкана. Пријавувањето за спретното возење е отворено до 19-ти мај, за повеќе инфомрации можете да го контактирате клубот преку нивниот фејсбук пејџ.

13165982 1680097858918142 9140629690147227160 n

Настанот ќе се одржи на 21 и 22-ри мај на градскиот пазар во Пробиштип.

Во продолжение следува агендата за вториот мото собир на „Black Eagles“ од Пробиштип:

Сабота, 21.05.2016
10:00 - 12:00 | Пристигнување на натпреварувачите
12:00 - 12:30 | Настап на стантери од странство
12:30 - 13:00 | Верификација и технички преглед
13:00 - 13:30 | Состанок на жири комисија
13:30 - 13:40 | Брифинг со натпреварувачи
13:40 - 14:00 | Свечено отворање на натпреварот
14:00 - 15:00 | Тренинг
15:00 - 17:00 | Натпревар
17:00 - 17:30 | Состанок на жири комисија
17:30 - 18:30 | Настап на стантери од странство
18:30 - 19:00 | Свечено прогласување на најдобрите
19:00 | Забава со настап на музички групи

Недела, 22.05.2016
10:00 - 14:00 | Слободни активности
14:00 - 16:00 | Заминување на учесниците

Back To Top