Домашни

„Не е се во брзината“- втора по ред бавна трка

Под името „Не е се во брзината“ во недела на 29.09.2019 г. ќе се оддржи бавна трка во мотоциклизам, единствена во Македонија, во организација на „Спортскиот клуб – Мото клуб Вепар“ и со поддршка од Град Скопје.

Следете нè на:

 

Под името „Не е се во брзината“ во недела на 29.09.2019 г. ќе се оддржи бавна трка во мотоциклизам, единствена во Македонија, во организација на „Спортскиот клуб – Мото клуб Вепар“ и со поддршка од Град Скопје.

Бавната трка, втора по ред ќе започне во 10 часот, ќе се состои од натпреварување во четири категории скутери и мотоцикли, а победник во секоја категорија е оној што ќе стигне последен до целта!

bavna trka 55

Тоа е и крајната цел на трката: да се испрати апел до возачите на скутери и мотоцикли до возачите на други возила, но генерално до јавноста, да внимаваат на брзината на движење во сообраќајот со цел зголемување на безбедноста на сите учесници.

Неприлагодената брзина на движење, според државната статистика за период од 2010-2018 година, е на врвот од причините за сообраќајаните незгоди со потешки последици – смрт или повреда. Уште повеќе, смртните последици кај возачите на скутери или моторцикли се над седум пати почести од смртните последици на возачите на моторни возила, споредено на 1000 регистрирани моторни возила и моторцикли, гледано по вопоследните 6 години, од 2012 до 2018 г.

Мото клубот Вепар, бавната трка ја организира пред своите простории во Скопје кои се наоѓаат на Булевар Илинден, бр.140, веднаш после бензинската пумпа на Макпетрол и БМВ сервисот.

Учеството на трката е врз доброволна основа и бесплатно, а листата на учесници e ограничена. Победниците во своите категории ќе добијат пригодни награди од „Мото клубот Вепар“, а за присутните е организирана забава со бенд.

За слики од првата бавна трка кликнете овде.

Втора бавна трка во Македонија во мотоциклизам. Организацијата е на МК Вепар, а трката има поддршка и од Град Скопје

НЕ Е СЕ ВО БРЗИНАТА е официјалното име на трката и од тоа име прозилегува и пораката упатена и до мото-јавноста, но и до пошироката јавност, до сите возачи на моторни возила да внимаваат на брзината на движење и таа не само да биде прилагодена според знаците туку и според патот. (услови на пат – влажен, сув, со дупки, итн.)

Категории на учесници:

  • Скутери
  • До 250 цц
  • Од 251 до 600 цц
  • Од 601 до 1000 цц
  • Над 1000 цц

Се вози на две паралелени ленти во должина од 20 метри. Победува оној кој ќе стигне втор, а притоа да не допре со нозе на земја.

Се бодува по систем на елиминација, што значи, победникот од едно возење продолжува во својата категорија да се натпреварува со следниот натпреварувач. Победник во категоријата е оној учесник што по систем на елеминација ги елиминирал другите натпреварувачи.

Наградите се симболични бидејќи не се плаќа ниту котизација за учество:

Победниците ќе добијат маички од клубот и други ознаки

Сите учесници ќе добијат благодарница за учество

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Вејн Рејни повторно седна на мотоциклот. Овојпат заедно со Кени Робертс и Еди Лосон настапи на патеката во Suzuka, нешто што се нема случено од 1993 година.

Во изминативе две години, BMW тивко работи на мотоцикл кој ќе има електричен погон.

Погледнете како Хамилтон вози со мотоциклот на Роси а Италијанецот настапува со болидот на Mercedes.

HOREX, Германскиот производител на мотоцикли се потпира на лубрикатните на Motul за нивните моќни V6 мотори.

Првиот човек на Yamaha, Лин Џарвис, сака да го задржи Маверик Вињалес во тимот и по завршувањето на сезоната 2020. Ваквата реакција следи откако се појавија гласини дека би можел да премине во Ducati во сезоната 2021.

„Доколку останеше малку подолго мислам дека ќе успееше. Но целосно ја разбирам неговата одлука.“ - Кал Кратчлоу

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.