Не е првпат, клубот Ноќни Волци во име на хуманоста да се приклучи кон хуманитарни акции особено кога се во прашање најмалите и најнезаштитените.
Не е првпат, клубот Ноќни Волци во име на хуманоста да се приклучи кон хуманитарни акции особено кога се во прашање најмалите и најнезаштитените.
Овој пат, цел ден го поминаа дружејќи се со децата аутисти, нивните родители и сите добронамерни хуманитарци со чувство за емпатија, одбележувајќи го Денот на децата аутисти.
Хуманоста е природна, така и се развива низ животот, се учи и пренесува на помладите генерации.
Така спонтано и пријатното беше изненаден претседателот на мото-клубот Ноќни Волци, кога водителката од МТВ, Виолета Совкаровска му ја предаде хуманата порака во облик на сина штафета, која симболично претставува аманет, да се продолжи со хуманоста и да се предаде понатаму во вистински хумани раце.
Го искористив денешниот убав хепенинг во Зоолошката градина за да ја предадам штафетата на Ленин Јовановски, водачот на Ноќните Волци, кои се големи поддржувачи на децата со аутизам. И тој беше изненаден од почеста, ја прифати сината штафета со искрена радост и сигурна сум дека и тој ќе избере некого од нашата сѐ поголема дружина – изјави Совкаровска
Гости на манифестацијата беа претставници на дипломатскиот кор во Р. Македонија, браќата Тавитјан – Автори на химната за Аутизам – “Во мојот свет” како и мото клубот Ноќни Волци кои обезбедија пригодни подароци за дечињата со аутизам.
Извор: popularno.mk