Домашни

Нов асортиман на производи во Скај Мото

Скај Мото, компанијата која до сега беше позната по продажбата на гуми за мотоцикли, ја зголемува понудата со делови и опрема за мотоцикли од реномирани брендови.

Следете нè на:

 

Скај Мото, компанијата која до сега беше позната по продажбата на гуми за мотоцикли, ја зголемува понудата со делови и опрема за мотоцикли од реномирани брендови.

Освен гумите од Континентал, Пирели и Метзелер, во продажниот салон на Скај Мото ќе можете да најдете производи од брендовите Ariete, Forma, Ferodo, Nordcap, LS2, LP, Hiflo и JT.

Секој бренд е познат во својата област, па така од програмата на Ариете можете да се снабдите со рачки за мотоцикли, очила, семеринзи (ARI) и тоа по цени кои се навистина достапни за нашиот пазар. Рачките од познатиот производител Harri's започнуваат со цени од 550 денари.

skymoto 4Рачки Ariete со цени кои започнуваат од 550 денари

Во салонот ќе ги најдете и мотоциклистичките јакни од брендот „Nordcap“. Различни модели, бои и величини и цени кои започнуваат од 4800 денари.

skymoto 26Јакни „Nordcap“ со цени од 4800 денари

Плочките за кочници од познатиот бренд „Ferodo“ се достапни по цени кои започнуваат од 450 денари.

skymoto 43Плочки „Ferodo“ со цени од 450 денари

Од сега во Скај Мото можете да најдете и кациги од производителот LS2. Станува збор за високо квалитетни кациги со одлична внатрешност и дизајн. Цените започнуваат од 2200 денари, а одредени модели доаѓаат во пакување до торбичка за носење на кацигата.

skymoto 19LS2 FF323 Arrow, I.Viñales replica

Новитет се и чизмите и кондури од брендот Форма со цени кои започнуваат од 4800 денари.

skymoto 40Чизми и кондури „Forma“ со цени од 4800 денари

Од досегашната понуда ги издвојуваме и акумулаторите LP со цени од 950 денари, филтри за масло Filtro со цени од 300 денари и филтри за воздух од истио производител со цени од 400 денари. Во понудата на Скај Мото ќе најдете и ланци за мотоцикли од реномираниот бренд JT со цени кои започнуваат од 2300 денари.

За сите подетални информации посетете го продажниот салон на Скај Мото или обратете се на нивните телефонски броеви 02 317 2462 и 070/206-053.

Би можело да ве интересира

Ова е новата кацига на Nolan која ги задржува врвните карактеристики која ги имаше и нејзиниот претходник N44.

Шпанецот имаше за речиси половина секунда побрзо време од резултатот кој го постигна во понеделникот.

Суперкрос легендата и голем фан на MotoGP, Чед Рид, вели дека е лудо што никој во Гран При досега не експериментирал со „holeshot“.

Четири различни возачи ги освоија првите четири позиции на Филип Ајленд.

X-Lite X-803 Ултра Карбон е најспортската кацига на овој бренд.

Крузер линијата на Honda доби уште еден специјален модел за сезоната која престои. Станува збор за 2019 Honda Fury кој ќе се издвои од останатите модели по својот храбар дизајн и ретро изглед.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.