Од неодамна повторно почна со работа „Куќа крај Патот“, добро познатиот бајкерски локал, но сега на нова локација. Бени и Трте се моторџии кои ретко кој не ги знае, а дечките имаат одлична идеја за уредување на локалот за која ќе им треба помош од сите нас.

1236789 567695373280196 1830890016 n

Од неодамна повторно почна со работа „Куќа крај Патот“, добро познатиот бајкерски локал, но сега на нова локација. Бени и Трте се моторџии кои ретко кој не ги знае, а дечките имаат одлична идеја за уредување на локалот за која ќе им треба помош од сите нас.  

Почитувани Пријатели,

Ве покануваме заедно да ги уредиме ѕидовите на нашата и Ваша „Куќа крај Патот“ во споменик и енциклопедија на животната авантура на 2 тркала која не поврзува сите нас.  

Да создадеме место кое ке сведочи за сите патишта и беспаќа поминати, за сите дружби и пријателства, за сите доживеани случки, за сите настани и личности на кои радо се сеќаваме, за сите искуства по белиот свет... место каде секој еден, низ слика и текст, би ја почуствувал слободата и единството кои не поврзуваат сите нас... место каде само по себе ке се прераскажува приказната за моторциклизмот и мото-културата во нашата земја, регион, па и пошироко...

Поканата е отворена за СИТЕ моторџии, бајкери, мотоциклисти и љубители на моторите, без разлика на клубска припадност или неприпадност, без разлика на мото-политичките убедувања, без разлика на полот, верата, народност или националост...   

Донесете свои постери, слики, фотографии, натписи, логоа, статуетки, текстови, знамиња... едноставно се она што мислите дека ке го претстави Вашиот и наш начин на живот... комплетирајте ја својата приказна на начин на кој сакате да биде презентирана и повелете заеднички да одбереме место каде таа самата по себе ке се прераскажува на сите посетители на Куќата крај Патот...  

Ве очекуваме...

Тимот на Куќата крај Патот- Road House
бул. Св. Климент Охридски бр. 50, 1000 Скопје
тел. 078 74 88 74 (078229299- Трте, 077510189- Бени)  

П.С. Доколку во скоро време не сте во можност лично да ги донесете своите материјали, слободно пратете ги по пошта на горенаведената адреса, а ние ке се погрижиме да го уредиме и Вашето катче :)

Back To Top